Животна приказна – Фрида Кало | Живите рани на крвавата љубов | Видео

3090
Booking.com INT

Мексиканската сликарка Фрида Кало ги отвори живите рани на своето тело за да ја олесни болката која ја чувствувала поради неверството на нејзиниот сопруг, муралистот Диего Ривера, кого безусловно го сакала, како и тој неа. Нивната љубов била на моменти убава, но, исто така, и многу болна.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Мексиканската уметница е родена на 6 јули 1907 година под името Magdalena Carmen Frida Kahlo Y Calderón во Kojoakan како ќерка на германскиот сликар и фотограф со еврејско потекло Wilhelm Kahlo и Mathilda. Нејзиниот татко бил со благ карактер, затворен и повлечен, свирел пијано и ги читал германските филозофи. Од друга страна, нејзината мајка била неписмена, одлучна, практична, тврдоглава, и, генерално, несреќна жена. На свет дошла непосредно по смртта на првата жена на Wilhelm, па така има две постари и три помали полусестри. Домот во кој е родена претворен е во музеј посветен на нејзиниот живот, и познат е како Сината Куќа.

Многу години подоцна, ги променила своите две клучни биографски информации: се претставувала како Фрида Кало и тврдела дека е родена на 7 јули 1910 година, датумот кој се совпаѓал со почетокот на Мексиканската револуција. На шест години се разболела од детска парализа, поради што девет месеци лежела во кревет и трпела неподносливи болки. За да ги издржи, често сонувала за подобар и поубав живот. Откако се излечила, како резултат на болеста, една нога ѝ останала потенка и пократка од другата, заради што често била предмет на потсмев од своите врсници. Сепак, тоа не ја обесхрабрувало. Едноставно, не се срамела од тоа, била горда, инаетлива и сопствениот недостаток го претворила во предност. Едноставно, не сакала да покаже било каква слабост и никогаш не плачела.

Нејзината мајка незабележително ја сожалувала, но од таткото имала поддршка и восхит. Тој ѝ зборувал дека е подобра од другите, бидејќи е похрабра и попаметна. Му била миленичка, а од неговите шест ќерки само таа се школувала. Пораснала во енергична и немирна девојка со кратка коса, била облечена во панталони и се дружела само со мажи. Во средно училиште се запишала со фалсификување на годините на своето раѓање, но била запаметена како девојка која многу читала и била многу елоквентна. Затоа била примена во Сојуз на млади комунисти како единствен женски член. Водач на групата, Alejandro Gomez Arias, е нејзиниот прв дечко, со кој поминала три години. Освен политичките развивала и други области на својот интерес, сакала да ги заврши студиите и да стане доктор. Заради чувствителното здравје во детството, сакала да им помага на другите да ја избегнат нејзината судбина.

Сите соништа ѝ се претвориле во пепел, кога на 17 септември 1925 година, во судир меѓу автобус во кој се возела со нејзиното момче Алехандро и трамвај, претрпела сериозни повреди. Долга челична шипка од автобусот ѝ го пробила стомакот и излегла од другата страна, десната, пократката нога била скршена на единаесет места, а стапалото целосно уништено. Рбетот ѝ бил пресечен на три дела, а карлицата, ребрата и клучната коска смачкани. Лекарите се сомневале дека ќе преживее и тврделе дека никогаш нема повторно да оди. По еден месец била пуштена од болница на домашно лекување, каде со месеци била заглавена во гипс од глава до петици. Кога болката колку толку се намалила, мајка ѝ и дала бои и платно да слика, а татко ѝ го наместил огледалото на таванот за да може да го види своето лице. Кистот ја релаксирал, а инспирацијата ја пронаоѓала во една работа која можела да ја види – сопствениот лик.

Од сто четириесет и три слики на Фрида, педесет и пет се автопортрети. Благодарение на натчовечката сила и инаетот, кои ја одржувале, повторно почнала да оди кога имала деветнаесет години, но цел живот страдала од тешката болка и подолги периоди поминувала во болница. Била оперирана повеќе од триесет пати, а да ги олесни страдањата, му се предавала на алкохолот и на дрогата. По опоравувањето, домашните финансии пресушиле, принудувајќи ја Фрида да го напушти училиштето и да бара работа. Иако самоука, од сите работи единствено знаела да слика. На една забава се запознала со Диего Ривера, најголемиот мексикански сликар, на кој му објаснила со што се занимава и му ги покажала своите слики.

– Твоите слики се посебни, така мексички. Надарена си и имаш стил. Мора да продолжиш да работиш, но не имитирај никого. Биди своја, доволно си добра и различна – ѝ рекол Диего, што за неа е доволно голема мотивација за работа. Била воодушевена и заљубена во него до уши. Наскоро започнале бурна љубовна врска која траела до крајот на нејзиниот живот.

Во тој период, приоритетот на Диего било сликарството и политиката, а на Фрида само тој. Набрзо по свадбата, која се одржала на 21 август 1929 година, Фрида сфатила дека љубовта на Диего кон неа не ги исклучува неговите врски со други жени, меѓу кои била и нејзината сестра. Тој копнеел по слобода и сакал да ја поседува секоја жена, а тие му ја обезбедуваа неприкосновната репутација. Физички бил непривлечен, но жените се фрлале во неговите раце. Во Мексико тој бил Бог: како сликар, претставник на мексиканската ренесанса и идеолог на работничката класа. Многу дами биле подготвени да му позираат и да бидат овековечи на неговите мурали. На романсата со него гледале како на пат до вечноста. И неговото политичко убедување, не било само кон неистомислениците – беше страсен комунист, но флертуваше со капитализмот и ги земаше нивните пари.

– Тој е како кактус кој успева насекаде, и на песок и на карпи. А кога цвета, цвеќињата се преубави црвени или жолти како сонце – често го опишувала неговата сопруга.

Фрида ја повредувале неговите измами. Сепак го оправдувала дека поседувањето убави жени, се продукт на неговата уметничка природа, бидејќи на тој начин ја пронаоѓал потребната инспирација за својата уметност. Без оглед на сите тие објаснувања, таа страдала како тоа го прави само измамена жена. Со сите проблеми во куќата и проблемите со неверниот сопруг и нејзиното здравје се влошувало. Наивно верувала дека нејзината огромна љубов ќе го промени и ќе го скроти. Во текот на една година, имала седум операции на ‘рбетот. Во болница поминала девет месеци и верувала дека животот, а во нејзиниот случај тоа бил Диего, бар ѝ должи верност. Сепак, тој уживал во жените, и ги менувал како дете кога ќе ги отфрли саканите играчки кога ќе се скршат. Неговото его и работниот просперитет биле пропорционални на бројот на женските постели во кои влегувал. А Фрида била скршена, нејзиното тело стоело во исправена положба, благодарение на челичниот оклоп кој го држел, и без кој тоа би се распаднало на парчиња. Поради емоционалната болка, од бес отворила живи рани по операцијата на кожата за да страдањето го пренасочи на физичка болка.

– Толку голем и значаен човек им припаѓа на сите и поради тоа не може емотивно да припаѓа само на едно лице. Можеби на луѓето кои чувствуваат огромна страст за својата уметност не им преостанува повеќе страст за луѓето – опишуваше Фрида не прифаќајќи го фактот дека тој може да се сака исклучиво само себе.

За нивниот брак може да се каже дека тој бил сѐ само не хармоничен, иако се состоел од љубов, но и врски со другите луѓе, креативноста која ги поврзувала и омразата која кулминирала со разводот во 1940 година, но и тој траел само една година. Фрида одлучила да биде различна, безмилосно искрена и разголена. Сурово ги сликала својот скршен ‘рбет, раните на нозете, исеченото срце, крвта која тече од пресечена вена, со стрелки избодено тело, себе врасната во земја, крвави дамки на бели чаршафи, абортирани фетуси – бидејќи поради несреќата која ја имала во младоста никогаш не можела да се реализира како мајка, што силно го посакувала. Сликите ги посветувала и на комунистичките лидери, често го сликала Јосиф Сталин кој бил нејзиниот идол, но, исто така, и основачот на Црвената армија Лев Троцки, смртниот непријател на Сталин, кој бил нејзин љубовник. По неговото убиство, за кое и самата била обвинета, Фрида тврдела дека никогаш не биле во романса со него. Сепак, му посветила автопортрет, кој денес се наоѓа во Вашингтон.

Во тоа време таа почнала да се облекува како селанка од Tehuan, во долги здолништа и марами во светли бои, ја украсувала косата со цвеќиња и панделки, носела шарен накит, нанесувала светло црвен кармин … одела да танцува, се предавала на врски со мажи и жени сакајќи нејзиното тело да почувствува нешто друго освен болка. Меѓу нејзините љубовници била и жената на поетот надреалист Андре Бретон.

Воспоставувала пријателства со девојките на Диего за да го девалвирана нивното значење и својата состојба ја направи поднослива. Таа била жена за забави кои често ги организирала на кои пеела со своите гости и кажувала шеги. Имала многу обожаватели, а меѓу нив бил и Пикасо со кого се дружела во Париз. Тој, како знак на почит ѝ подарил обетки кои постојано ги носела. Површински била весела, заводлива и забавна со неповторлив изглед. Поседувала смисла за хумор и сите ја сакале. Кога поради гангрена ѝ ги отсекле нозете, таа рече: Што ќе ми се нозете, јас имам крилја.

На отворањето на единствената своја изложба во Мексико, 1950 година, дошла со брза помош и во придружба на мотоциклисти. Ја внеле на носилка и ја ставиле во кревет среде галерија. Не верувала дека е славна дури и кога Лувр во 1939 година купи еден од нејзините автопортрети. Десет дена пред нејзината смрт, во 1954 година, четири часа по дожд, и покрај забраната на лекарите заради пневмонија, заедно со Ривера, учествувала во уличните протести. После тоа паднала во кревет и заминала од овој свет. Некои дури мислат дека едноставно повеќе не сакала да живее. Сепак, не може да се каже со сигурност дека се самоубила, поради тоа што официјалната аутопсија не е извршена, но последната реченица која ја запишала во нејзиниот дневник гласи: Се надевам дека заминувањето е радосно и дека никогаш нема да се вратам – или тоа го предвидела или смртта била последната одлука на нежниот воин од земјата на кактусите.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...