Животна школа | Видео

69
Booking.com INT

Едно малку хиперактивно дете на околината ѝ правел големи проблеми. А покрај сето тоа имали лош карактер.

Bitcoin Exchange CEX.IO

По неколку годишна тортура таткото се обиде да го убеди да се промени.

Тој му дал кутија полна со клинци и му рекол дека секој пат кога ќе збесне и ќе ја загуби контролата врз самиот себе, да зачука шајка во оградата.

Првиот ден момчето зачукал 37 клинци. Во текот на следните неколку месеци научил да го контролира својот бес и бројот на зачуканите шајки се намалувал.

Открил дека е полесно да се контролира темпераментот отколку да се зачукуваат шајки во оградата.

Конечно дојде денот кога момчето ниту една шајка не зачука во оградата.

Заминал кај татка си и му рекол дека тој ден не збеснал.

Татко му се обратил: Секој ден кога ќе успееш да го контролираш своето однесување од оградата извлечи по една шајка.

Деновите минуваа и еден ден момчето можел да му каже на својот татко дека ги извадил сите шајки.

Таткото го зеде својот син за рака и го одведе до оградата: Добро го направи тоа, сине мој, но погледни ги дупките во оградата. Оградата никогаш повеќе нема да биде иста. Кога во гнев ќе кажеш некои работи, тие оставаат лузна, како што се овие дупки во оградата. Можеш да го прободеш човекот со нож и да го извлечеш ножот, а после тоа не е важно колку пати ќе кажеш дека ти е жал, раните остануваат. Вербалната рана е исто толку болна колку и физичкичката.

Поука

Пријателите се навистина многу редок и скапоцен камен, тие прават да се насмееш, те поттикнуваат и охрабруваат да успееш во нешто, тие се подготвени да те сослушаат, да ја споделите твојата болка, имаат убави зборови за тебе и секогаш нивното срце е отворено за тебе.

Почитувај го тоа.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...