ЖРК Вардар домаќин на Турингер во последното коло од главната фаза во Лигата на шампионите

525

Ракометарките на Вардар попладнево го играат последниот натпревар од главната фаза од Лигата на шампиони во групата 1.

Во Скопје гостува германскиот тим Турнингер, екипа која ЖРК Вардар во првиот натпревар ја победи на гости со 31:29. Дуелот се игра во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 17:30 часот.

Овој натпревар воедно ќе биде и деби на клупата ЖРК Вардар за тренерот Ирина Дибирова, која ќе се обиде да ја прекине серијата од два пораза на ракометарките на македонскиот првак.

Од оваа група покрај овој дуел денеска играат и Астраханочка – Мец и ФТЦ – Будуќност.

Табела: ФТЦ 14 бодови, ЖРК Вардар 13, Будуќност 12, Мец 8, Турингер 5, Астраханочка 2.

Во групата 2 денеска играат: Крим – Митјиланд, а утре се дуелите: Есбјерг – Букурешт и Ларвик – Ѓер.

Табела: Ѓер 15 бодови, Ларвик 12, Букурешт 9, Митјиланд 8, Крим 6, Есбјерг 4.

loading...