Завршува ерата на актуелниот „Фолксваген ЦЦ“, наследникот доаѓа во 2017 година

883

Иако германската компанија „Фолксваген“ се уште не го претстави нови модел „ЦЦ“, производството на актуелниот модел, сепак, ќе биде завршен.

Освен неизбежната смена на генерации, еден од причините за предвремено пензионирање е и слабата продажба на „Фолксваген ЦЦ“, дознава магазинот „Аутокар“, повикувајќи се на извор од компанијата.

Се претпоставува дека на лагер веќе се наоѓаат доволен број готови автомобили, па продажбата нема да трпи во периодот додека од фабричките ленти не се појави новиот „ЦЦ“.

Што се однесува до податоците за наследникот, засега  е познато дека ќе ја користи истата меаничка платформа (MQB) како и новиот „Пасат“, на која оваа купе лимузина и е темелена.

Платформата MQB, што е основата за голем број модели на групацијата „Фолксваген“, ќе овозможи и вградување на широки палети мотори што им се на располагање на инженерите на компнаијата, а се очекува и Plug-in хибридната варијанта.

Кога станува збор за обликувањето на каросеријата на новиот модел, се смета дека дизајнерите во многу нешта се потпираат на моделот „Спорт Купе Концепт ГТЕ“ од 2015 година.

Новиот „Фолксваген ЦЦ“ во продажните салони треба да се очекува кон крајот на 2017 година.