Законот на градот Јанте | Кај нив постои само среќа и тоа поради принципот кој ние одамна сме го заборавиле | Видео

1310

Ним им е познато она што ние сме го заборавиле, и поради ова во Скандинавија добрo живeaт!

Истражување за среќата спроведено пред неколку години покажа дека во Данска, Норвешка и Шведска живеат најсреќните луѓе.

Скандинавците имаа правила по кои строго се придржуваат и затоа поради тие правила среќни се секој ден.

Овие луѓе се придржуваат до овие 4 правила:

1. Скромни се и ги почитуваат другите луѓе

Во нордиските земји е познат законот на грдот Jante. Законот е измислен закон кој е формулиран од Aksel Sandemose во книгата En flykting korsar sitt spår (1933). Sandemose пишувал на норвешки (riksmol), но израснал во данскиот град Nykøbing Mors, North Jutland, кој во книгата го нарекол Jante. Измислениот данскиот град, за прв пат се споменува во романот на Sandemose En sjöman går iland, а потоа идејата се разработува во горенаведениот En flykting korsar sitt spår. Моделот по кој настанал Jante е родниот град на Sandemos Nykøbing на островот Mors. Градот како и неговите жители, во романот се опишуваат прилично со негативни зборови. По Jante и законот го добил името “Jantelagen”. Терминот подоцна стана широко распространет и популарен, а го користат и луѓе кои не се запознати со неговиот книжевен контекст.

Законот на градот Jante изразува зборови на непишан закон според кој никој не треба да се издвојува, ниту да верува дека е подобар од другите на било кој начин. Законот е поврзан со тековната култура на многу места во Скандинавија. Сепак, истиот феномен постои во многу места ширум светот. Во англискиот јазик постои терминот Tall poppy syndrome што значи дека некој кој постигнал нешто позитивно не е прифатен, бидејќи општеството на дотичниот не се смета достојно за тоа.

Законот на градот Јанте

  • Немој да мислиш дека си некој и нешто.
  •  Немој да мислиш дека си добар како ние.
  • Немој да мислиш дека си попаметен од нас.
  • Не умислувај дека си подобар од нас.
  • Немој да мислиш дека знаеш повеќе од нас.
  • Немој да мислиш дека си пофин од нас.
  • Немој да мислиш дека вреди за нешто.
  • Не би требало нам да ни се смееш.
  • Немој да мислиш дека некому му е гајле за тебе.
  • Немој да мислиш дека можеш да не научиш на нешто.

Во книгата подоцна е додаден и единаесеттата заповед, која се нарекува казна. Формулирана е како прашање и гласи:

  • Зар не знаеш дека знаеме сè за тебе?

Иако многу Скандинавците со шега зборуваат за овој закон, на него се должи токму тоа пријателско и разумно општество. Скромноста и почитувањето на другите високо се цени. Овој закон спречува општество да биде арогантно и наредбодавачко.

2. Го усогласуваат деловниот и семеениот живот

Скандинавците знаат колку е важно семејството. Многу канцеларии во Данска се затвораат во 17 часот. Никој од нив не работат прекувремено. Во Шведска, некои компании имаат донесено закон според кој се работи шест часа на ден, сѐ со цел да ја зголемат продуктивноста и среќата на работниците. Семејствата често одат во парк, се занимаваат со спорт, патуваат со своите деца и така одржуваат здрав однос, дури и кога децата ќе пораснат и кога ќе бидат самостојни.

3. Семејството се сака со срце

Во Данска постои еден адет на собирање со семејството и пријателите во домашна атмосфера – hygge.

Седење покрај огнот за време на студените ноќи со своите најблиски, е нешто што сите го практикуваат. Hygge значи поддршка, солидарност, удобност во кругот на омилените луѓе.

3. Реални очекувања

Malene Rydahl во книгата “Happy as a Dane” ја опишува суштината на среќните Скандинавци. Една од најголемите тајни за среќен живот се реалните очекувања. Ова не значи дека Скандинавците не сонуваат за постигнување на големи цели и дека не тежнееат кон нив. Семејството и пријателите им се основа за успех и поддршка.

Скандинавците се обидуваат да не се споредуваат со другите луѓе, бидејќи тоа им предизвикува незадоволство. Нивниот совет е:

  • Престани да се споредувш со другите и уживај во своите достигнувања, уживај во тоа што имаш!
loading...