ЗАПЕК | На сите им се случува, но повеќето луѓе не зборуваат за тоа

4957

Реномирани експерти нудат совети за полесно справување со исклучително непријатни дигестивни проблеми.

Запекот, според наједностаната дефиниција, e знак дека е нарушено нормалното функционирање на дебелото црево, односно дека дебелото црево тешко го извршува природниот процес на исфрлање производи од телото.

Веројатно секој од нас барем еднаш почувствувал што значи тврда столица, но таа состојба е најчест проблем кај жените постари од 65 години, а една од пет жени ја имаат оваа состојба за време на бременоста, како резултат на хормоналните промени или притисок на фетусот на матката.

И жените кои биле подолго време на програми за намалување на протеините многу добро знаат како опстипацијата може да биде непријатна.

Бидејќи јадеме секој ден, нашите црева треба дневно да се празнат. Ретко кога запекот е опасен за здравјето, но точно е дека е исклучително непријатен. Понекогаш, кога ќе го промените вашиот начин на живот, без разлика дали сте под стрес или на пат, па сте ја смениле климата или исхраната, запекот, не е проблем. Но, ако подолго време ја занемарувате таа состојба (хроничен запек е ако ги празните цревата помалку од четири пати неделно), можно е дека ќе ви треба медицинска интервенција.

Според некои, запекот може да биде знак на лошта работа на црниот дроб и бубрезите, хормоналната нерамнотежа и интолеранција на храна.

Истражувањата на разни состојби на дигестивниот систем, сметаат дека запекот е показател за неправилна работа на тироидната жлезда.

Ако сте жена постара од 50 години и не сте имале проблеми со запекот и неодамна не сте го менувале начинот на исхрана, ненадејниот запек би можел да биде показател дека нешто се случува со дебелото црево, па затоа би било важно да се консултирате со лекар.

Инаку, што се однесува до лаксативите по кои многу луѓе посегнуваат, нѝ открива дека Англија на лаксативи троши најмногу пари од сите европски земји, и продолжува да има проблеми со хроничен запек! Лаксативите се последениот избор, бидејќи цревата можат да станат зависни од нив, тие стануваат мрзливи, а со тоа и на телото му одземаат многу витални хранливи материи. Лаксативите функционираат така што ја зголемуваат количината на вода, која се задржува во дебелото црево, со текот на времето цревата на нив се навикнуваат, односно, прилагодуваат и стануваат мрзливи.

Со оглед на тоа дека најчеста причина за запек е погрешен начин на живот, многу попаметно е да се одлучите на едноставни промени кои брзо ќе ги придвижат цревата, а тоа се природните лаксативи.

Нерастворливи растителни влакна

Не се апсорбираат во тенкото црево, туку се метаболизираат во дебелото црево и на тој начин го поттикнуваат, а исто така и повеќе контролитаат и ставаат во рамнотежа pH на цревата. Исто така, важно е дека и растителните влакна заради метаболизмот во дебелото црево ги врзуваат потенцијалните канцерогени и ги исфрлаат, а освен тоа што се исклучително добри против запекот, играат важна улога со хемороидите, особено кај ракот на дебелото црево и ракот на дојка.

Затоа јадете пченични трици (освен во случај на неподносливост на пченицата), овесни снегулки, соја снегулки, ориз (кафеав и басмат ориз) и сите видови на грав.

Вонредни природни лаксативи се и лененото семе кое го “прочистува” целиот дигестивен систем. Јадете ги секојдневно, или во чорби или житарките, или натопете ги преку ноќ во водата. Сувите сливи, кајсиите и смоквите се познати по изобилството на растителни влакна. Ако ги користите суви, обидете се да ги набавите оние без сулфур диоксид, што е особено важно за алергичните луѓе, а корисни се и свежите варијанти.

Зеленчукот и овошјето треба да се јадат лесно варени, што подобро придонесува за леснотијата при запек. Исто така, јогуртот е одличен, со здрави LGG бактерии кои го олеснуваат варењето. Млекото е, пак, умерен лаксатив, особено полномасно млеко, но предупредување за оние кои имаат нетолеранција на млеко и млечни производи.

Интересно, и лутата и зачинетата храна може да помогне. Чили како лаксатив?! Звучи нелогично? Чили е познат по тоа дека ја иритира лигавицата на цревата и затоа произведува повеќе слуз, што придонесува за помека столица. Ако по јадење на зачинета храна сте добиле дијареа, не грижете се, тоа им се случува на многумина!

Во лето мандарините и портокалите треба да се искористат. Кога ќе се изеде сè, освен кората, кај некои луѓе се подобрува функцијата на цревата, бидејќи растителните влакна и семињата имаат противврзувачка способност, што придонесува за помека столица.

И за крај – вода. Не заборавајте, како и секогаш, да пиете шест до осум чаши вода дневно.

Се препорачува

Сливи, смокви, кајсии, киви, банани, грозје, тиквички, наут, краставица, спанаќ, бамја, сусам, ленено семе, овес, пченични трици, зелка.

Избегнувајте бело брашно

Треба да се избегнува храна која не содржи растителни влакна, како што се повеќето рафинирани производи од бело брашно.

Еве еден пример: Ако измешате бело брашно со вода, ќе добиете густа маса, како лепак. Слична маса се формира во телото кога јадете производи од бело брашно. Резултат – леплива маса што ги зачепува цревата!

Исто така, избегнувајте црвено месо, кое е пријател на запекот поради тоа што се вари подолго време и ако го јадете, тогаш комбинирајте го со лесно варен зеленчук и со месниот оброк задолжително јадете супа.

Намалете го внесот на темни чаеви и кофеински пијалоци на минимум – затоа што тие создаваат дехидратација, и вам ви треба вода во вашето тело да го испразните вашето црево.

Избегнувајте масни сирења, особено полномасни на скара – значи, не плескавица или стек од црвено месо со парче стопено масно сирење на скара – ќе ги блокира цревата како да сте затвориле шише вино. Ако сакате топено сирење, испечете го барем на зеленчукот, како што се тиквичките или модриот патлиџан, кој содржи растителни влакна.

Што уште помага?

  • Лесно одење и пливање ја стимулираат перисталтиката на цревата.
  • Вежби концентрирани на абдоминалниот дел, како што се “стомачни вежби”.
  • Масажа на абдоминалната површина, и тоа лесна кружна масажа во насока на стрелките на часовникот придонесува за движењето на дебелото црево.
  • Редовното секојдневно релаксирање го смирува стресот и ја подобрува перисталтиката.

loading...