Запознајте го народот кој живее и до 160 години (ВИДЕО)

857
Booking.com INT

Тие како да се од некоја друга планета, но не се. Хунзите кои живеат во планините на северен Пакистан, ги има околу 87.000, а посебни се по тоа што живеат во просек по сто години, но многу од нив без никакви проблеми можат да доживеат и 120 години.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Некои доживеале и 160 години. Ретко се болни, не знаат што се тумори, но многу многумина имаат младешки изглед, а нивните жени раѓаат и со 65 години.

Тие се жив доказ за тоа како исхраната и начинот на живеење влијаат на луѓето. Хунзите се капат во ледена вода, дури и ако таа е под нулата. Го јадат само она што самите ќе го одгледаат. Се хранат со свежо овошје и зеленчук, јаткасти плодови, јадат многу суви кајсии, различни житни култури (главно, јачмен и леќа), мешунки, а поретко козјо сирење, млеко и јајца.

За нив, меѓуоброци нема, само доручек и ручек. Многу одат, дури и 15, 20 километри на ден. Месо јадат ретко, два пати годишно ќе изедат малку јагнешко или пилешко и многу се смеат.

Еден дел од годината во траење од два до четири месеци не јадат ништо, туку пијат само сок од суви кајсии. Тоа кај нив е традиција уште од древните времиња која строго ја почитуваат, а се одвива во време од годината кога овошјето сѐ уште не е зрело. И лекарите велат дека токму начинот на нивната исхрана и периоди на постот се заслужни за доброто здравје и долговечноста. Навиката на конзумирање на големи количини кајсии можеби е одговорна во заштита од рак.

Семките од кајсија се богати со витамин Б-17 кој дејствува антиканцерогено, а од семките прават масло. Но, тоа се многу мали дози, кои можат да бидат опасни по живот, ако се претера. Таму дури е и прашање на престиж кое семејство има повеќе кајсија дрвја на својата земја. За жал, денес и меѓу нив доаѓа нездрава индустриска храна, па им се појавиле кариес на забите и стомачни проблеми, кои за нив не биле познати.

Овој весел и издржлив народ за себе вели дека се потомци на Александар Велики и неговата војска. Некои од нив во времето на освојувањата останале во своите села и се ожениле.

Медиумите 1984 година пишувале за Саид Абдул Мобуд од народот Хунзи кој дошол на аеродромот во Лондон и ги збунил вработените покажувајќи го својот пасош. Во него пишувало дека е роден 1832 година.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...