Заради фотографиите на НАСА многу луѓе се прашуваат дали има пирамиди на Антарктикот

2281

Структурата станала видлива поради топењето на снегот и мразот, што обично почнува да се случува во декември и јануари, кога температурите се највисоки на најстудениот континент на Земјата.

Истражувачите на НАСА со посебен авион IceBridge кон крајот на минатата година, на западната страна на Антарктикот снимиле структура, која со својот облик потсетува на пирамида. Таа станала видлива поради топењето на снегот и мразот, што обично почнува да се случува во декември и јануари, кога температурите се највисоки на овој најстуден континент на Земјата.

Ова не е прв пат светот да остане затекнат од такви сцени од Антарктикот – слични фотографии можеле да се видат периодично во последните 15тина години, заради што некои се прашувале дали пирамидите се доказ дека на единствениот ненаселен континент некогаш живеела древна цивилизација. Други отишле толку далеку што за нивното постоење ги обвиниле вонземските сили.

Под глечерите се кријат пирамидални структури (Фото: Getty Images)
loading...

Уникатна пирамидална форма
Поради непристапноста на теренот и ниските температури, истражувањата на Антарктикот се многу ограничени и затоа нема официјално објаснување за овој феномен. Светските експерти претпоставуваат дека ова е единствена планина со уникатна пирамидална форма.

CBC News  ги пренесува делот од резултатите на американското геолошко здружение кое тврди дека овој врв е само уште еден во низата слични кои може да се најдат во Елсворт планините, кои се протегаат на 360 километри од Антарктикот.

Од друга страна, професорот Маури Pelto од Николас колеџот во Масачусетс, рече дека глацијалната ерозија е одговорна за нејзината пирамидална форма.

Пирамидалните форми на планинските врвови не се невообичаени во светската географија – со оваа неодолива форма го зведува и врвот Матерхорн кој се издига до 4478 метри меѓу Швајцарија и Италија, но, исто така, Búlandstindur на Исланд.

Матерхорн се издига на 4.478 метри надморска височина (Фото: Shutterstock)

 

loading...