За овој проблем мажите не зборуваат многу, а им се случува почесто отколку што мислите

5080

Многумина мислат дека предвремената ејакулација e најголемиот проблем кој може да му се случи на еден маж за време на сексот, но тука се работи за спротивното, одложување на ејакулацијата.

Вообичаено е мажите да доживеат оргазам за неколку минути по почетокот на сексуалниот однос, но мажите кои имаат проблеми со задоцнета ејакулација често може да доживеат оргазам и по 45 или повеќе минути, а некои па воопшто не можат да доживеат, пишува Daily Mail.

Ова е трет најчест проблем со кој се соочуваат мажите кога станува збор за сексуални потешкотии по еректилната дисфункција и предвремената ејакулација.

Можеби се работи за доживотно задоцнета ејакулација која се јавува веќе на првата сексуална активност и која ги следи мажите цел свој живот или за стекната, кој настанува во некој одреден момент во животот.

Мажите со овој проблем уживаат во сексот дури и кога не доживуваат оргазам, но често оваа состојба може да предизвика стрес и фрустрација.

“Ако ова често ви се случува или во подолг временски период, дефинитивно треба да посетите лекар”, вели Tobias Köhler, специјалист за сексуално здравје.

Овој проблем може да биде резултат на некое трауматско искуство, стрес, употреба на антидепресиви или научена практиката на мастурбирање, но исто така може да биде симптом на повеќе сериозни болести како што се дијабетес или мултиплекс склероза.

loading...