За секоја болка | Направете внатрешна операција на организмот и тоа без нож!

2055
Booking.com INT

Природата знае како на еден ист начин и да уништи и да излекува. Нејзините методи човекот тешко ги усвојува и бавно ги разбира. Можеби тоа е резултат на слабо познавање на законите на природата, бидејќи природата добро ги чува своите тајни.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Затоа треба уште многу да учиме од неа. Меѓутоа, и ако ги запознаеме нејзините тајни – ние не ги следиме. За време на постот им се дава долготрајна поштеда на сите органи за варење, кои добиваат можност за обновување. Постот има големо влијание врз состојбата на циркулаторниот систем.

Законите на природата треба да се запознаваат, да се живее со нив и се ценат. На тој начин, природата можеме да ја користиме повеќе пати за сопствени потреби, односно за потребите на човештвото. Во втората половина на 19 век, проф. Пушутин бил меѓу првите кој го истражувал механизмот на дејството на постот. Тој открил дека постот е состојба на организмот во кој неговите “трошоци” целосно не се надоместуваат.

Затоа, телото е принудено да работи на сметка на своите резерви.

Бројни ефекти

Истражувањата покажале дека двигателот на глад сам го гради центарот на гладта. Ако нема храна тогаш организмот почнува да ги троши своите внатрешни резерви, и во користењето на внатрешните резерви организмот најмалку зема од нервното ткиво, срцето и другите органи. Според овие показатели природата се погрижила до последно да го сочува главниот раководечки апарат во комплексното човечко тело, неговиот мозок, нервниот систем, како и срцето. Значајни наоди на медицината се дека за време на постот, организмот протеините ги користи првенствено за заболеното ткиво, туморите, цистите, израстоците и друго. Тоа и е сето она што не му припаѓа на телото. Експериментите, исто така, дале научно објаснување на појавата и одговор за количината на резервите која организмот може да ги користи за време на постот додека не настапи потполна исцрпеност. Тоа е 40-50% од неговата тежина. Лекувањето со пост претставува внатрешна операција без нож, при што природата е посуптилна од било кој хирург; таа го зачувува она што е здраво, а го отстранува она што е болно. За време на постот му се дава долготрајна поштеда на сите органи на телото.

Тој е особено корисен на органите за варење, кои добиваат шанса да се обноват. Постот има големо влијание врз состојбата на циркулаторниот систем. Во празниот стомак и цревата, во абдоминалната празнина не се создаваат некакви пречки во циркулацијата на крвта и нејзиниот состав се подобрува. Кога во постот тежината се намалува, најголемото губење на тежината се забележува во првиот период од постот, а потоа постепено се намалува губење на тежината. Колку е организмот помлад, губењето на тежината е поголемо. Истражувањата покажале дека пациентите кои страдаат од болест анемија со недостаток на црвени крвни клетки, или со зголемување на белите обично добро се лекуваат со пост. Особено е забележлив ефектот на пост во подмладување на кожата; остри линии и брчки стануваат помалку забележливи, кожата станува помлада, добива посветла боја и сјај. Се подобрува и структурата на ткивата. Говорејќи за постот од медицински аспект ќе го споделиме делувањето на постот на органските системи, како обично медицина го дели човечкото тело: Кај преполниот стомак во системот за варење доаѓа до големо оптоварување со масна и богата храна. Така овој систем се оптоварува, бидејќи мора да лачи зголемени количини на сок да ја свари храната. Поради зголеменото варење, зголемен е приливот во стомакот, крвниот притисок се зголемува, се зголемува работата на срцето што претставува оптоварување за циркулацијата и за срцето. Ги исцрпува. Со одредени процеси во крвта, како и со намалување на дотокот на кислород до мозокот, организмот станува слаб, бавно реагира и човекот тогаш е поспан.

Пренатрупаноста на стомакот има негативно влијание врз функцијата на белите дробови. Тие мора да работат со зголемен капацитет. Поради зголемената потреба за кислород, бројот на вдишувања е зголемен, па движењето на дијафрагмата отежнато.

Додека дише, човекот практично стенка. А со оглед на тоа дека протокот на крв и крвниот притисок директно делуваат на бубрезите, со пренатрупаноста на желудникот, тие работат со третина од можниот капацитет. Последиците ги чувствуваат и мозокот и нервниот систем. Приливот на крвта заради зголемената потреба на стомакот за крв е намалена, човекот е поспан, бавно реагира, бавно мисли. Зголемените крвни компоненти дејствуваат подоцна, иритираниот организам е напнат. Нервозен човек тогаш не може да дејствува разумно. Со него управуваат емоциите и паниката. Биолошка машина. За време на постот функциите на сите органи се намалени, телото практично одмора, од резервите ја компензира потрошената енергија. Стомакот мирува, протокот на крв правилно е распределен, па и мозокот работи логично, приливот на мислите е нормален, а резонирањето е јасно. Страста е смирена, нагоните им даваат место на разумот, така што тогаш разумот управува со емоциите.

Затоа, биолошката машина, изморена во процесот на работа, треба да се исчисти од сѐ што е штетно, како и онаа механичката од нечистотија и корозија.

Колку телесна тежина губиме со постот?

За време на постот губење на тежината на одредени органи и ткива во проценти изгледа вака: масти 97%, слезина 60%, црниот дроб 53,7%, мускулите 30%, крв 26%, бубрезите 25%, кожата 20,6%, цревата 18%, белите дробови 17,7%, панкреасот 17%, коските 13,9 %, нервниот систем 3,9%, срцето 3,6%.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...