За сите оние кои не разбираат зошто мајките секогаш се уморни …

62204

Она што луѓето генерално разбираат е дека самото донесување на нов живот значи голема исцрпеност и промена.

Сите оние кои имаат мали деца знаат колку често го слушнале прашањето: “А како спие ноќе?” Ако одговорите дека спие добро, сите мислат дека тоа е доволно за да бидете одморни.

Но, она што секој родител знае, е дека од моментот кога детето е родено, веќе никогаш ништо повеќе нема да се врати на старо. Еве зошто …

loading...

Никогаш повеќе родителите нема да преспијат цела ноќ. Никогаш. Повеќе. Овдека мислиме на непрекинато спиење повеќе од три или четири часа. Ако детето не се разбудат и не заплаче, ќе се разбуди родителот да провери зошто детето не се разбудило и заплакало. Дали сѐ е во ред? Дали нормално дише? Ќе се приближат до бебето, ќе го прислушкуваат во блага паника сѐ додека конечно не слушнат рамномерни воздишки. А тогаш веќе нема спиење бидејќи, или се преплашиле па не можат да се смират, или го разбудиле бебето.

Како што децата растат, родителите и понатаму се будат на секој шум, мислејќи дека нешто не е во ред со бебето. Кога малку ќе пораснат, само што сте помислиле дека е време да се спие нормално, и оп! Сега се жедни, за два часа, пак нормално, им се моча. Или веќе се помочани во креветот. Или лошо сонувале па не можат да се смират.

Можеби постои мала пауза во периодот на основното училиште. А тогаш детето почнува да излегува. Што мислите, како спие родител кој дозволил детето со пријатели да оди во град (а во градот многу работи се случуваат, особено ако гледате од агол на родител)? Или, ако децата одат да студираат во друг град, постои ли родител кој спие како јагне ако детето му е стотици километри далеку?

Нема одмор! Освен, можеби, во тоалетот. Пред некој ден една пријателка ми го испрати нејзиниот нов телефонски број во порака. Мислам дека десет пати неуспешно се обидував да го меморирам додека моите деца удираа по екранот и ме влечеа за ракавот. На крајот се откажав. Луѓето не сфаќаат дека родителите буквално немаат време да меморираат нов телефонски број или одговорат на обична порака. Можеби само кога одат во тоалет. А можеби и не, дури и тогаш, бидејќи, знаете, децата и тука сакаат да ви прават друштво …

Нема слободни денови. Јас не велам дека само родителите се тие кои се зафатени и дека другите ништо не работат. Постојат милион работи со кои можеш да бидеш зафатен, а децата се само една од тие. Но, кога немате деца, може да бидете слободни по цел ден. Или боледување. За родителите, грипот е речиси крајот на светот. Тие немаат право да бидат болни. Алиштата мора да бидат чисти, храната мора да биде подготвена, на децата им треба љубов и кога сте болни.

Тие прават стотина работи во исто време. Додека супата тече, едно од децата ја превртило вазната со цвеќе, второто се качува на регал. Кога ќе мислите дека сѐ сте решиле и се враќате назад во кујната, ќе слушнете уште еден милион бескрајни: “мамо, мамооо, мамооооо …” а кога ќе го сервирате ручекот, “Зошто? Зошто? Зошто?” или “Јас сакам уште супааааа!” иако чинијата сѐ уште е полна … Не, ова не се невоспитани деца. Овие се само ДЕЦА.

Ах, да, тука е и тоа прекрасно чистење кое никогаш не запира. Без разлика дали хаосот го направиле децата или нивниот татко …

Понекогаш мора да останат будни до два часот наутро, ако сакаат да го поминат времето заедно. Знаете, и брачните парови кои имаат деца сакаат да поминат некоја минутка заедно, сами. Не сакаат да ја изгубат комуникацијата. Ги легнуваат децата во кревет, го расчистуваат хаосот, се тушираат, ќе се напијат по една чаша вино, и … најверојатно веќе е полноќ. А тогаш, добар филм и вкусно суво столно вино со котлети доаѓаат како хавајско зајдисонце. Тивок е (ако никој не се разбуди), смирувачки и неопходно ако сакате да го спасите бракот. Вредно е од неколку часа спиење помалку, но и кој денеска има пари да плаќа скапи разводи и алиментации предизвикани од недостатокот на комуникација …

И во физичка смисла … Не би сакала сега за тоа што бременоста прави на нашето тело. Зборувам исклучително за периодот кога бебето ќе закмечи прв пат. Крени, спушти, крени спушти, дофати, носи на кркушка, ајдеее ди ди, кренија количката, спуштија количката, готви со едното дете во рака и со другото закачено на панталони … Родителите немаат многу шанси да дочекаат старост без никакви проблеми со ‘рбетот.

Стресот добива нова димензија. Никогаш порано пред да станете родител не сте биле под толку многу, постојан стрес. Зошто толку многу плаче? Да не го боли нешто? Каква му е оваа мозолка тука? Зошто е толку слабо? Види колку е бледо. А симнувањето по скали, качување и спуштање по тобоган во паркот? Овие атракции во очите на родителите изгледаат како најопасни циркуски акробации. Секоја од нив престанува да дише на неколку моменти. А да не зборувам за оние моменти кога РЕЧИСИ ЗА МАЛКУ не се удри со окото од работ на масата. Да се сведочи на сите тие РЕЧИСИ ЗА МАЛКУ падови и удари е исцрпувачки. Новите брчки и белите влакна, по некое време, родителот веќе не ги забележува.

Родителите се толку уморни што понекогаш, кога децата спијат, ќе легнат во тишина и неподвижно гледаат во една точка. Но, дури и тогаш, тие се бескрајно среќни. Само што премногу се уморни за да се насмевнат …

А. Ц.

Споделете со вашите пријатели … !!!

loading...