За Трамп е преценета | Тажниот живот на пеколно талентираната дива

10521

Во Загреб го заработила Оскарот – Иако Трамп смета дека Стрип е преценета, таа дури 19 пати била номинирана за Оскар. Освоила три Оскари, а попат ја загубила љубовта на својот живот.

Мерил Стрип (67) го прозвала новиот американски претседател во својот говор на доделувањето на Златните глобуси заради еден од неговите инциденти. Всушност, Доналд Трамп (70) во еден свој говор го исмејувал хендикепот на новинарот на Њујорк Тајмс Сергеј Ковалески, кој боледува од артрогрипоза, односно вродена состојба, заради која има проблеми со движење на зглобовите.

loading...

– Непочитувањето раѓа непочитување, како што и насилството поттикнува насилство. Кога моќните ги злоупотребуваат своите позиции, сите ние сме во неволја – заклучила Мерил и добила овации од своите колеги.

Трамп, пред да го послуша говорот на актерката рекол дека воопшто не е зачуден дека го напаѓа “група на либерални актери”. Дополнително соопштил на Твитер.
– Мерил Стрип, една од најпреценети актерки во Холивуд не ме познава, но сепак ме нападнала на синоќешните Златни глобуси. Таа е … – стои на Твитер. После тоа, тој напишал дека тој никогаш не му се потсмевал на новинарот.

Вториот Оскар ѝ го донесе нејзиниот филм кој го снимила во Загреб

Иако Трамп смета дека Стрип е преценета, Академијата се чини, не мисли така. Вкупниот број на номинации за Оскар изнесува високи 19 номинации, од кои три освоила: во 1979 година за улогата во “Крамер против Крамер”, во 1982 година за онаа во филмот “Изборот на Софи” и во 2012 година за “Железната леди”.

Легендарната актерка престојувала, но, и глумела во хрватскиот главен град. Мерил Стрип во Загреб го снимала “Изборот на Софи”, а лош СС офицер во логор во кој била затворена Еврејката Софија, ја играла покојната Вида Јерман.

Првиот аплауз го добила на 12 години, кога на училишната божиќна претстава ја пеела песната “Света ноќ” на француски јазик. Таа набргу престанала да пее. Сакала да се запише на правен факултет, но го пропуштила приемниот испит. Студирала на универзитетот кој е специјализиран за уметност, а потоа се запишува на Yale School of Drama каде што студирала со колешката Сигурни Вивер (67).

За глума се одлучила, бидејќи легендарната Бет Дејвис ѝ оставила писмо во сандаче, во кое таа ја нарече за своја наследничка. Пред да стане позната по улогите во филмовите “Ловец на елени” и “Крамер против Крамер”, таа играла во театар. Една од ретките актерки кои имаат среќа да ја сакаат и публиката и критичарите, кои често ја нарекуваат камелеонка, која е во состојба да ги игра сите улоги кои ќе ѝ се понудат.
Ја изгуби љубовта на својот живот

Кога била на сцена лудо се вљубила во актерот John Cazale кој бил постар од неа 14 години. Тој ја водел на вечери во италијански ресторани, а сопствениците биле среќни да јаде кај нив Фредо од “Кум”.

Мерил била пресреќна и уживала во романтичната идила. Едно попладне, двојката отишла на ручек со Стефан, брат му на John. На патот назад, актерот почнал да кашла крв. Наскоро му бил дијагностициран рак на белите дробови.

На зрачење одел со неговиот пријател Ал Пачино. Тој седел во чекалната и се надевал дека ситуацијата не е толку лоша како што изгледа. Мерил секогаш била со него, и ги одбивала улогите кои ѝ биле понудени. Единственото нешто што ѝ било важно е здравјето на Cazale.

– Таа беше силна и издржлива. Даде сѐ од себе тој да се чувствува подобро. Никогаш не драматизирала премногу или да привлече внимание на себе – рече Schulman.

За да му овозможи скапи лекови, ја снимила мини-серијата “Холокауст”, за која подоцна добила Еми. Заради снимањето повеќе од два месеци морала да биде во Австрија, а Cazale бил премногу слаб за да оди со неа.

Meryl i John Cazale

– Јас речиси полудев. John беше болен, а јас сакав да бидам со него. Сепак, немав друг избор – изјави таа.

Потполно му се посветила

Кога се вратила во Њујорк тој бил во ужасна состојба. Таа се повлекла од јавноста и пет месеци целосно му се посветила. Ракот се проширил на коските, а John бил многу слаб. Таа не пропуштила ниту една посета на лекар. Одела на зрачење и се надевала на чудо.

Кога Cazale бил во болница, таа му пишувала на својот професор од Јеил. Му се пожалила дека најтешко е да се глуми пред саканата личност. Таа објаснува дека тоа ментално ја исцрпува, но, и физички.

Во март 1978 година, последен пат завршил во болница. Мерил постојано била со него, иако не била подготвена за најлошото. Таа се потпирала врз неговите гради и плачела. Едвај можела да дише и се гушела во солзи.

– Сѐ е во ред, Мерил. Сѐ е во ред – рече Cazale и за последен пат ги затвори очите.
Кога сфатила дека John починал, и дека таа веќе не може ништо, го повикала неговиот брат Стефан. Таа со липање рекла: “Се обидов”. По животната трагедија, Мерил почнала да ги ниже успесите во глума и стана ѕвезда.

Сепак, успеа да најде љубов

Медиумите никогаш не ја мешале во скандали. Не се пишувало дека има љубовник или проблеми со дрога, туку секогаш се споменувала во контекст на успех во кариерата. Кога добила Оскар за улогата на Маргарет Тачер, во емотивен говор за прв пат на сцената на театарот Кодак Theatrea го споменала сопругот Дон.

Don Gummer and Meryl

Скулпторот Don Gummer (70) ја запознал Мерил на забава на нејзиниот брат Harry. Додека се опоравувала од смртта на својата прва голема љубов, Дон не ѝ бил пролазна утеха. По само неколку месеци од врската, Мерил и Дон се венчале во скромна и интимна церемонија во домот на нејзините родители во Конектикат. Тоа беше во септември 1978 година.

– Некои луѓе се луди по религија, некои по работа, а некои по слава, некои по материјални добра. Јас отсекогаш сум била луда само за формирање семејство. Секогаш тежнеев да го пронајдам вистинскиот човек со кој ќе воспоставам за мене така света заедница. Никогаш не можев да замислам да живеам сама – рекла некогаш Мерил.

Мерил и Дон имаат четири деца. Синот Henry (37) и три ќерки, Mary (Mamie) Will (33), Grace Jane (30) и Louis (25). Сите деца Мерил, на свое барање, ги родила во домашни услови во Конектикат, наместо во болница.

Пред три години, објавена е биографијата на Џек Николсон (79) во која се наведува дека актерот интимно се дружел со Мерил. Ниту Дон ниту таа не се труделе да ги негираат наводите, туку целосно ги игнорирале.

loading...