За 22 јануари во Единбург закажана премиерата на „Трејнспотинг 2“ | Видео

258

Светската премиера на продолжението на култниот филм од 1996 година „Трејнспотинг“ е закажана за 22 јануари во шкотскиот град Единбург.

Единбург е избран за местото во кое ќе се одржи премиерата на „Трејнспотинг 2“, бидејќи во овој град е сместено и дејствието на филмот.

Во продолжението на филмот настапува истата актерска екипа како и во „Трејнспотинг“, предводена од Јуан Мекгрегор и Роберт Карлајл. Режисер и на вториот дел е Дени Бојл.

По светската премиера од 27 јануари ќе почне прикажувањето на „Трејнспотинг 2“ во кината во Велика Британија, а од 3 февруари и во САД.

Двата дела на „Трејнспотинг“ се базирани на истоимената книга на Ирвин Велш, кој неодамна за магазинот НМЕ изјави дека Бојл во филмовите „успеал да ги преземе најдинамичните елементи“ од неговото дело и да ги презентира на современ начин.