ЗБОРОВИТЕ НА МАЈКА МИ

1319

Мајка ми отсекогаш ми зборуваше за едни луге, покојната секогаш се трудеше да ми ја стави таа мисла во глава, затоа што знаеше дека набрзо ќе ме напушти ќе ме остави во канџите на овој суров свет во кој преовладуваат гладните волчји луѓе.

Постојат добри и лоши луѓе на Земјата.

Мила моја, секогаш грижи се, и чувај ги оние луѓе кои ќе те бакнат тогаш кога ќе рониш солзи, кога ќе плачеш … кога ќе помислиш дека ти се срушил цел свет, а тие ќе бидат до тебе подавајќи ти рака, и изнудувајќи ја твојата преубава насмевка … мила моја, секогаш држи се цврсто и главата горе, тие луѓе ќе ти бидат како водичи низ трчањето … можеби и твоето светло во тунелот наречен свет. Тоа се добрите луѓе, мила моја единствена.

loading...

Не губи го времето на луѓето кои можат да го скршат твоето срце, дури и без да те допрат физички. На луѓето кои можеби ќе го хранат своето его гледајќи те тебе скршена, потиштена, без препознатливиот сјај за тебе во твоите мили очи … Тоа се лошите луѓе мила моја – низ длабока воздишка јасно изусти покојната.

Ти ме бакнуваше мене додека јас се кршев и гушев во солзи и тажеше затоа што моето лице беше мокро, влажно од солзи. Со твоите шушкави раце ти ги бришеше моите врели солзи. Ја држеше мојата рака толку нежно мила моја, толку нежно што се плашеше да не ме повреди твојата невина љубов, толку нежно што сум сигурна дека Ти можеше да слушаш како во тој момент моето старо изнемоштено срце чука само за твојата искрена љубов.

Можеби не е толку едноставно доволно добро и лошо во овој свет, рече покојната кога ја пушти возбудата од трепетот на моите малечки, но, доволно големи за љубов раце.
Можеби тоа се само луѓе кои тежнеат за лошото, го искалуваат својот живот од тоа, и луѓе кои го уништуваат сето постоечко добро, и дури не им се потребни два потега за истото …

Мила моја, чекори претпазливо во животот, чекори сама … придружена со добрите луѓе , смеј се, и плачи понекогаш, но, плачи од добрината на добрите луѓе … лошите луѓе нека бидат твојот патоказ … рече покојната и ја затвори вратата зад себе!

Бојана Кољушкова

loading...