ЗЕЛЕНОТО ЗНАМЕ по втор пат за ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ – Скопје

2008

Програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“, Училиштето ја спроведува шест години.

Во учебната 2015/2016 година основното училиште ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ се стекна со статус ЗЕЛЕНО ЗНАМЕ кога, за првпат им беше доделен Интернационален сертификат.

Тогаш, како главна придобивка од стекнатиот статус ниво ЗЕЛЕНО ЗНАМЕ, е што станаа дел од мрежата на еко-училишта кои ја усвоиле заштитата на животната средина како една од основните вредности во својот развој и управување.

loading...

Училиштето доби можност да учествува на национални и интернационални натпревари, можност за аплицирање на проекти, можност за добивање финансиска поддршка од ОХО, поврзување со училишта и градинки од регионот и пошироко, но и многу други поволности.

ПАКОМАК – „Рециклирање?! – КАЖИ ДА!“ | ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ – Скопје, повторно со награда!

Оваа година учествуваа на Конкурсот за наградување на училишта и градинки за бронзено, сребрено и ниво на ЗЕЛЕНО ЗНАМЕ и по вторпат се наградени што е потврда за Училиштето дека ги задовололо предвидените критериуми и услови.

Официјалното доделување на „Зелено знаме“ и сертификатите за соодветниот
статус, традиционално е реализирано на шестиот по ред Еко-самит 2017.

Да им посакаме успех во реализација на идните активности.

loading...