Земјотресот во Италија „го напукна“ римскиот Колосеум

1847

Два месеци по катастрофалниот земјотрес, во кој загинаа 300 луѓе, Италија ја погоди уште еден земјотрес за кој велат дека е најлош во последните 30 години, поради што се појавиле пукнатини на светските познати знаменитости во Рим.

Земјотресот го погоди центарот на Италија, но последиците се почувствуваат и во Рим и Венеција, а во извештајот стои дека по земјотресот се појавиле пукнатини на познатите италијански знаменитости, вклучувајќи и 2.000 години стариот Колосеум во Рим.

Пукнатини с епојавиле, исто така, и на Црквата „Св. Павле“, надвор од ѕидините на Ватикан, што е изградена во четвриот век, а за време на земјотресот делумно од објектот е паднат покривниот венец.

Делот што го поддржуваше огромниот свеќник, исто така, е оштетен и може да предизвика голема штета. Оваа базилика е една од четирите најстари во Рим.

%d0%b7%d0%b5%d0%bc%d1%98%d0%be%d1%82%d1%80%d0%b5%d1%81%d0%be%d1%82-%d0%b2%d0%be-%d0%b8%d1%82%d0%b0%d0%bb%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d0%b3%d0%be-%d0%bd%d0%b0%d0%bf%d1%83%d0%ba%d0%bd%d0%b0

Се чини, дека заспаниот вулкан, што се наоѓа околу 20 километри од главниот град, може да се активира откако експертите пронајдоа знаци на активност длабоко под површината.

Тие наведуваат дека ерупцијата не е неминовна и дека ќе се случи за околу 1.000 години.

loading...