Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтер го погоди островот Тонга | Видео

2056
Хунга Тонга-Хунга Ха'апаи

Силен земјотрес, со магнитуда на ударот од 6,1 степени според Рихтер, денеска го погоди островот Тонга, пренесе ТАСС, повикувајќи се на американскиот Геофизички институт.

Засега нема податоци за настрадани лица и предизвикана материјална штета, ниту, пак, е издадено предупредување за цунами.

Силниот потрес се случил на длабочина од 97 километри под морското дно, јавија британските медиуми.

loading...

ТАСС пренесе дека епицентарот на земјотресот бил на 212 километри источно од главниот град на Тонга, Нукуалофа.

Во јануари 2015 година со ерупција на вулканот Хунга Тонга-Хунга Ха’апаи, на само 65 км од главниот град Нукуалофа, никна нов остров долг 2 км, а висок 100 м.

Пепелта исфрлена од новиот вулкан, која достигнала височина и до 4500 м., од најголемиот свој дел во околината создала други мали островца, а киселите дождови ја уништиле бујната вегетација и до 10 км. од новосоздадениот остров.

loading...