Знаци дека партнерот ве изневерува

949

Во многу бракови кога тогаш се појавува сомнежот во партнерот дали е верен. Со тоа не е лесно да се живее, но добра вест е дека постојат знаци кои ќе ви помогнат да разберете дали вашите сомнежи се основани.

Јулија Хартли Мур, приватна истражувачка од Нов Зеланд, за „Дејли мејл“ ги подели своите искуства.

Еве на што треба да се обрне внимание.

Мали промени во однесувањето

Често се случува да бидат чувствиелни на својот мобилен и да внимаваат на тоа дали ќе го земе во раце, додека порано такви проблеми немале.  Генерално стануваат многу таинствени.

Ако често почне некој да се споменува, тоа би можело да биде повод за сомнеж. Дури и ако за таа личност зборуваат негативни работи, можеби тоа го прават само затоа да ве одалечат од неа.

Не пронаоѓате сметка за телефон или кредитна картичка

Ова може да биде знак дека вашиот партнер не сака да дознаете за некои повици или трошоци.

– Класичен случај е жената после Валентајн да пронајде сметка за подарок кој воопшто не го добила, посочува Мур.

Најголема грешка која може да се направи според нејзиното мислење е да се почне караница со партнерот без да се има докази, затоа што со тоа само се дава до знаење дека не сте стигурни во тоа и се остава простор за негирање.

loading...