Значењенто на куќниот број | Откријте што добро и лошо ви носи во животот

4376

Влијанието на броевите на среќата ја изучувале древните Египќани, Кинези, Грци и Индијци. Со ова се занимава и фенг шуи, а наводно, куќниот број има големо влијание врз животите на домаќините …

Нумерологијата уште одамна се користи за предвидување, различни толкувања, но и повикување на среќата во животот. Уште од времето на древните култури на Египет, Кина, Индија и Јапонија, се верувало дека бројките имаат магиска моќ, па така и се советувале со кои броеви во животот да се опкружуваат.

Сепак, некои од нив од напред нѝ се дадени, како што е бројот кој е скриен во името и презимето или датумот на раѓањето. Така, се верува дека и куќниот број на зградата или куќата носи скриено значење на домашните. Според тоа, во Кина веруваат дека најдобар број за куќата е бројот осум, бидејќи ја симболизира паричната благосостојба.

loading...

За да го дознаете вашиот број, треба да дојдете до една цифра. Нпр. ако живеете на број 63, едноставно соберете ги броевите 6 и 3 и ќе добиете конечен број 9. Ако вашиот број е 19, собирате 1 и 9 и ќе го добиете број 10, односно 1+0, што резултира со број 1.

Број 1
Овој број на домаќините им носи знак на индивидуалност и оригиналност. Тие често имаат многу идеи, започнуваат нови проекти, се одлучуваат на предизвици – и тоа најмногу со голем успех. Сепак, колку од финансискиот аспект бројот 1 е добар, толку тој помалку носи среќа во приватниот живот, бидејќи поттикнува на осаменост и критичност на другите. Исто така, единицата носи и неодлучност за важни животни одлуки. Пожелно е куќата да се уреди во нијанси на златна, портокалова, маслиново зелена за подобрување на позитивното и да се намали негативното влијание. Домаќините треба да внимаваат на својот вид и на циркулацијата.

Број 2
Овој број ги симболизира промените и од овој дом луѓето често се селат и доаѓаат нови. На домаќините ретко кога им е здодевно, и лесно се создава атмосфера на живописен семеен дом. Обично е многу едноставно место со доза на неуредност, а поттикнува плодност и заљубување. Луѓето кои живеат на овој број често работат од дома или ја носат работата во својот дом, а имаат интерес за технологија, патувања, алтернативна медицина и астрологија. Поради брзоплетоста често прават лоши деловни одлуки и мора да тргнат од почеток, а во односите можат да бидат премногу зависни од други. За да го зголемат позитивното, а да го намалат негативното влијание на бројот на домот би требало да го направат прозрачен – да воведат повеќе светлина и да ги отстранат непотребните работи. Се предлагаат тонови како што е кафеавата, сивата и беж боја. Домаќините треба да обрнат внимание на проблеми со белите дробови, кожата и желудникот.

Број 3
Тој е симбол на проширување, реновирање и подобрување. Луѓето кои живеат на овој број често се перфекционисти, обично се љубезни, лојални, со оптимистички поглед на животот, но, исто така, и воздржани. Тие имаат чувство за хумор и цврсти ставови за слободата, религијата и семејството. Тие умеат да се однесуваат екстравагантно и да трошат пари, кои ги немаат, а тоа им носи финансиски проблеми. Тие често имаат големо семејство, сакаат да уживаат во пороците и, генерално, веќе во периодот на средната возраст имаат здравствени проблеми. Во нивниот дом се добредојдени сините тонови и дрвото за подобрување на поволното, а намалување на негативното влијание на бројот. Во животот треба да се обидуваат да бидат рационални и практични, а во здравје да одржуваат соодветна тежина, и да ја проверуваат состојбата на срцето и хормоните.

Број 4
Овој број домот го претставува како комплицирано место за живеење, затоа што е симбол на конфликти – две спротивставени сили, од кои едната се бори за стабилност, а другата за промени. Во овој дом секогаш нешто се реновира, се менува или купува, тој го живее својот живот како и членовите на семејството. Во исто време, бројот четири им носи на жителите еден вид на чувствителност, емпатија и духовност, па зрачат со харизма. Конфликтите на темпераменти се многу чести. Овој број на домот дефинитивно не е за оние слаби и плашливи, туку за луѓе кои се навикнати да функционираат под стрес и под понежната надворешност имаат голема внатрешна сила. Важно е да ги одредат приоритетите во својот живот и да не ги занемаруваат луѓето кои навистина се грижат за нив. За да се минимизира негативното, а да се поттикне позитивното влијание, во домот е добро да се има многу свеќи, цвеќиња и украси изработени од стакло. Домаќините треба да обрнат внимание на мигрени, депресивни мисли и проблеми со ‘рбетот.

Број 5
Овој број симболизира хармонија, поволни мисли и емоции. Во оваа куќа изразена е дружељубивост, таа се посетува, се разменуваат информации и озборувања и има многу смеа. Солидарноста и стабилноста се главните поволни влијанија на бројот пет, домаќините обично се успешни во приватниот, во средните години од животот и во подоцнежниот период од животот, и во деловниот живот. Тие ја градат нивната среќа бавно и со цел, но, сите пречки можат да ги надминат ако се фокусираат на напорната работа. Лошата страна на бројот е невнимание, како што се нпр. заборавање клучеви, гасење печка, пегла и слични работи, што резултира со чести привремени непријатности. Еден добар додаток кој ќе го зголеми позитивното, а ќе го намали негативното влијание се предметите од метал. Од здравствените непријатности, на домаќините најмногу им се заканува повисок крвен притисок и проблеми со чести инфекции на увото, носот и грлото.

Број 6
Овој број симболизира одлучност, цврст став и крајност. Тој дом е или складно место на екстремна тишина или, хаотичен дом со многу викање и постојани промени. Исто така, може да биде дом на интензивен раздор и одбивност меѓу членовите на семејството, или дом на интензивна страсна љубов и искрена поврзаност. Помалку магичен, бројот шест делува така што од луѓето извлекува екстремни емоции, а добро делува на учење нови работи и хоби посветеност, како што се готвење, фотографирање, занимавање со компјутери или мајсторство. Во овој дом луѓето се многу креативни. Со цел да го зајакнат позитивното и да го намалат негативното влијание на бројот, добри се жолти и светло зелени нијанси, како и создавање голема удобна дневна соба за дружење. Домашните треба да внимаваат на здравјето на забите и коските.

Број 7
Овој број е симбол на соништа, фантазии и бунт. Така седмицата им привлекува многу духовност на членовите на семејството, но и сензитивност и ранливост. Понекогаш членовите имаат проблеми со одделување на реалноста од фантазијата и се истакнуваат по своите ставови, кои не се вклопуваат со мислењето на мнозинството. Според некои толкувања, токму во домовите под овој број обично се случуваат паранормални презентации и други необјасниви работи. Луѓето кои живеат во него често се ангажирани во уметничка професија, имаат домашни миленици и големи се перфекционисти. Лесно се заљубуваат, а често остваруваат страсни, но конфликтни односи. Во бизнисот среќата им е многу променлива. Треба да се тргнат од претераното конзумирање алкохол, цигари, а и воопшто од сите видови пороци. Добро е домот да се опреми со бројни детали во виолетова боја, која ќе го намали негативното, а ќе го зајакне позитивното влијание на бројот.

Број 8
Овој број е симбол на почит, стабилност и сила. На домаќините им носи добар углед, авторитет, па дури и слава, но и голема одговорност, која често ја имаат кон другите. Тие се обидуваат да ги задоволат сите, но со мерка која не ја загрозува нивната благосостојба и тоа е нешто што ќе го научат во средна возраст. Затоа, младите луѓе во тој дом знаат да бидат несреќни, но тоа е краткотрајна состојба. Бројот осум носи почитување на традиционалните вредности – семејство, пријатели, работа, љубов … И покрај својата стабилност, во оваа куќа се потребни чести поправки и домаќини кои добро го одржуваат, во спротивно може да се појават проблеми. Внатрешноста е често во темни бои, а да се зголеми позитивното влијание добро е во домот да се внесат многу детали и украси, како што се слики и огледала. Најголемите здравствени проблеми е слабиот имунитет, честите настинки и воспаленијата на мочниот меур.

Број 9
Овој број е симбол на големи поделби, што се одразува и на физичкиот изглед на домот со многу соби, со различна декорација во секоја соба и многу различни темпераменти, кои живеат под ист покрив. Луѓето кои живеат таму обично немаат недостаток на иницијативи во животот, тие знаат што сакаат и директно се обидуваат тоа да го постигнат. Можат на патот да се впуштат во различни итрини и измами, бидејќи тие имаат многу чудно разбирање на човечкиот морал. Сепак, тоа не значи дека тие се лоши, туку се исклучително снаодливи. Во бизнисот обично се многу успешни, а во домашната атмосфера често напнати. Сепак, тие се навикнати да живеат под стрес и во поинакви околности би им било досадно. Во куќата често можат да се појават проблеми со греење, влага и топла вода. Луѓето треба да бидат внимателни со љубовните проблеми кои можат да им донесат депресија, а инаку се во добра здравствена состојба. За да го зголемат доброто влијание, а да го намалат лошото влијание на бројот, добро е целата куќа да ја поврзат во единствена целина со бели ѕидови и детали насекаде.

Споделете со вашите пријатели … !!!

loading...