Зоолошка градина во Бристол и светот побогати за една горила

1228

Чуварите од Зоолошката градина во Бристол го прославија раѓањето на бебето горила, кое дојде на свет во саботата изутрина.

Мајката Тоуни и таткото Џок се сега главно семејство во ова живеалиште. Малото горила се уште нема име.

– Бебето е силно, а мајката внимателна. Куќата на горилата е затворена за да може Тоуни да се зближи со новороденчето, рече портпаролот на „Бристол Зоо Гарденс“.

Оваа е осма горила во оваа зоолошка градина. Последната горила Аифа родена е во фебруари минатата година со царски рез.

Овие видови низински горила живеат во Конго, Централната Африканска Република, Камерун и Габон.

Нивнот број се намали за 60 отсто во последните 25 години поради ловење, болести и губење на живеалиштата.

loading...