Зошто влагата во домовите е штетна по вашето здравје?

12810
Како влијае лошиот воздух на вашето физичко и ментално здравје

Иако порано за проблемот на процентот на влагата во домаќинството не е расправано, во последниве години на оваа тема и се посветува многу внимание, бидејќи е докажано дека таа влијае на здравјето на луѓето.

Ако земете во предвид дека домот е место каде што поминувате поголем дел од вашето време, затоа одржување на идеална температура и процент на влажност во воздухот се еден од најважните фактори на совесен живот.

Како влијае лошиот воздух на вашето физичко и ментално здравје

Кога во природата воздухот е влажен, она што забележуваме е дека дишеме потешко и повеќе се потиме. Овој ефект се менува кога сте во затворен простор, па инфекциите на респираторниот систем и алергиските реакции се чести последици на нерамнотежата на воздухот во домот.

loading...

Многу болести се предизвикани или зачестени со слабата контрола на влажноста во домот, а некои од симптомите е запекот на горниот респираторен тракт, потоа заморот, вртоглавицата и насолзените очи.

Некои истражувања потврдиле дека психолошкото задоволство, среќата и добриот однос со животната средина се аспекти на среќен живот кои се исто така под влијание на влажноста во воздухот.

Како да се измери процентот на влажноста во домот?

Ви се замаглуваат прозорците? Дали сте забележале влага во плакарот? Забележувате темни дамки во аглите на ѕидовите? Сето ова се сигнали дека во вашиот дом има премногу влага.

10 добрини на идеалниот процент на влажност во воздухот

Ако ги следите и промените на степенот на влажноста на воздухот во вашиот дом, тогаш ве очекуваат овие промени:

  • Помалку бактерии и вируси
  • Помалку инсекти
  • Го намалува ризикот од алергии предизвикани од грини и прашина
  • Нема мувла и прашина
  • Помалку токсини
  • Подобра атмосфера во домот, поздрав живот
  • Помалку посети на лекар
  • Ќе бидете посреќни
  • Ќе го намалите трошокот за греење
  • Нема ризик од пропаѓање на мебелот
loading...