Зошто ги спречуваме момчињата да плачат?

303

Плачењето не е „резервирано“ само за девојчињата и родителите кои им забрануваат на синовите да плачат прават голема грешка, тврдат психолозите.

Особено е важна возраста на созревање за училиште, меѓу шесттата и седмата година, затоа што тогаш почнуваат да се прифаќаат социјалните норми и првила, меѓу кои е и она „солзите се знак на слабост, мажите мораат да бидат силни и никогаш не смеат да плачат“.

На таа возраст татковците се главен пример за синовите, а во нормални услови речиси е невозможно да се видат солзи во очите на таткото. Поради желбата да се идентификуваат со нив и да станат „вистински мажи“ момчињата ги задржуваат солзите, а кога не можат да се контролираат и кога ќе им се препуштат на емоциите, потоа се чувствуваат засрамени дека направиле грешка и дека излегуваат слаби.

loading...

Како што растат децата имаат помала потреба да плачат заради секоја ситници, што значи дека стануваат позрели и не доживуваат се така емотивно. Пофалете ги поради тоа, но важно е да ги научите дека солзите не се знак на слабост. Ако момчето верува во тоа и ги крие солзите или ги задржува, покажете му снимка и слики на познати мажи, спортски јунаци кои без страв ги покажуваа емоциите.

Не е лесно да се канализираат емоциите, особено кај момчињата, бидејќи од нив се очекува да бидат „помалку чувствителни“. Среќните и возбудливите случувања исто така го креваат адреналинот, а солзите радосници се одличен „издувен вентил“ за организмот да се ослободи од тензии. Освен тоа тие ја чистат душата и ги лекуваат емотивните рани.

Во тешки ситуации, родителите, а пред се таткото како главен премер за машкото  дете би требало да го прегрне синот и да му дозволи да плаче колку што сака, истакнуваат психлозите. И зборовите: „Плачи, ќе ти биде полесно“, дејствуваат многу лековито и го бришат чувството на срам кај момчињата.

На таа возраст поддршката од таткото и неговата утехата се многу поважни од нежната мајчина прегратка, затоа што од седум години момчињата почнуваат да се осамостојуваат од мајчиното заштитничко крило, обидувајќи се да изградат машки идентитет.

loading...