Зошто денеска летовите траат подолго отколку во седумдесетите?

2777

Денеска патувањето од Њујорк до Тексас трае околу четири часа. Далечната 1973 година истото растојание со авион можеше  да се прелета за малку над 2,5 часа. Зошто летовите стануваат се подолги?

На пример, летот од Лондон до Единбург денеска трае во просек десет минути подолго отколку во деведесетите, а од Мадрид до Барселона за дури 20 минути.

За тоа има многу причини, но најважна е цената на горивото.

Според пишувањето на „Business Insider“, со растот на цената на горивото од 0,70 на три долари по галон, авиокомпаниите сфатија дека можат да заштедат милиони долари со побавно летање и со тоа да имаат помала потрошувачка на гориво.

На тој начин, американскиот „Jet Blue“ во 2008 година успеа да заштеди 13,6 милиони долари, така што секој лет го продолжуваше за две минути.