Зошто жените се погласни од мажите в кревет?

1526

Во истражувањето спроведено од британска онлајн продавница за сексуални помагала, учествувале 1.171 испитаници, а заклучокот е дека жените се „побучни“ од мажите за време на водењето љубов.

Дури 92 отсто од жените кои учествувале во истражувањето поттикнато од британскиот Универзитет на Лидс, велат дека се гласни в кревет, оти сметаат дека поради тоа сексот ќе биде подобар. Испитаничките главно се согласуваат дека гласното водење љубов влијае на самодовербата на партнерот и на неговиот „перформанс“ во креветот.

Резултатот од сето тоа е поголемо меѓусебно задоволство. Сексологот Трејси Кокс смета дека жените можеби чувствуваат и притисок да бидат гласни, за уживањето да биде поголемо.

loading...