Зошто никогаш повеќе нема да имеме некој како Роџер Мур | Видео

607

Фразата „крај на една ера“ толку многу се користи, што веќе стана клише. Сепак, кога станува збор за Роџер Мур, кој почина во вторникот на 89-годишна возраст, таа фраза е совршена и не звучи воопшто како клише.

Мур беше совршен англиски господин на едно време, се облекуваше беспрекорно, а неговата фризура совршено одговараше на модата на 50-те и 60-те години на минатиот век.

Тој изгледаше како да е роден во костум, иако според потеклото и социјалниот статус на неговите родители не бил предодреден за таква префинетост – неговиот татко бил полицаец во Лондон, а не припадник на аристократијата.

Актерството толку многу му прилегаше, што оставаше впечаток дека тоа за него е само лесна задача меѓу попладневниот чај и вечерениот коктел.

Втората страна на неговиот шарм е големото чувство на нешто што денес го викаме привилегија – и тоа е главна причина зошто најверојатно никогаш повеќе нема да видиме некој како него.

Не е претерано да се каже дека со смртта на Мур, исчезна и стариот шарм карактеристичен за минатиот век.

loading...