Зошто ја имаме онаа мала вдлабнатина под носот? Научниците со години испитувале за што служи и како настанува. Сега знаат! Видео

409

Сите ние ја имаме. Биолозите долго време ги мачело прашањето зошто ја имаме. Зборуваме се разбира за малата необична вдлабнатина под носот, која се протега сѐ до работ на горната усна.

Професионално кажано, тоа е philtrum и речиси е еднозначен за човечкото лице како што се носот или очите. Но, што е philtrum и зошто го имаме? Според достапните податоци, објаснувањето е поврзано со начинот на кој лицето нѝ се формира во текот на развојот, пренесува IFL Science.

Philtrum ја означува локацијата каде што различните делови на лицето се спојуваат во едно. “На тоа место, главно за човечкото лице конечно се формира”, објаснува д-р Мајкл Мозли во видеото на ББС програмата “Inside the Human Body”. Трите главни делови на спојката се среќаваат на горната усна, формирајќи вдлабнатина наречена philtrum.

loading...

Развојот на лицето се случува помеѓу вториот и третиот месец од бременоста, а ако лицето не се формира за време на тој период, поради генетски или други причини, тогаш никогаш немада се формира.

Погледнете го видеото и објаснувањето на др. Мозли и бидете сведоци во обликувањето на лицето за време на бременоста.

loading...