Зошто Џулија Роберт беше боса во Кан | Видео

468

Џулија Робертс на премиерата на нејзиниот нов филм „Money Monster“ каде игра заедно со Џорџ Клун се појави во прекрасно издание, како и секогаш, освен со еден детал. Актерката носеше раскошен  црн фустан од Армани, но нешто очигледно недостасуваше – нејзините чевли.

џулија р-001

Дали чевлите и биле неудобни, дали станувало збор за шега или се работеше за нешто друго?

„Венити Феар“ нагаѓа дека нејзина одлука да ги соблече чевлите е поврзана со минатогодишниот инцидент кога на група жени наводно им било оневозможено влез, затоа што немале високи потпетици.

Зошто Џулија Роберт беше боса во Кан
Зошто Џулија Роберт беше боса во Кан

Група 50-годишни жени на прикажувањето на филмот „Carol“ се појавиле во чевли без потпетици и заради тоа не им било дозволено да го гледаат филмот. Screen Daily јави дека фестивалот одби да коментира за целата ситуација, но „потврдија дека обврска на сите жени е да носат на црвениот килим високи потпетици за проекцијата на филмови“.

Ова не е првпат Џулија да ги соблече своите чевли во текот на некое важно случување. Во 1993 година на свадбата на кантри пејачката Лили Ловет исто така беше босонога.

Зошто Џулија Роберт беше боса во Кан25

Актерката е позната по својот отпор кон наметнатите родови улоги. Во 1999 година на премиерата на филмот „Notting Hill“ се појави со несредени пазуви, што за жена тоа беше есктремно шокантно. Токму од таа причина, таблоидите веруваат дека Џулија ги соблекла чевлите од многу позначајни причини отколу што е чиста неудобност на високи пети.

Дури и босонога, презеде голем чекор за жените во целиот свет.

dailymail.co.uk

loading...