Зрачењето од мобилните текефони не предизвикува рак

1194

Веќе неколку години наназад ова е една од честите теми кои се застапени и третирани од порталите ширум светот, и секоја од нив се со различен исход од научните истражувања.

Ви преставуваме уште едно нарачано научно истражување, кое најверојатно ќе ве стави во двоумица кога е во прашање зрачењето на мобилните телефони.

Американските научници од организацијата Национална програма за токсикологија ги негираат наводите за опасностите од зрачењето на мобилните телефони.

Трудот е изработен по нарачка на американската Управа за квалитет на храната и лекарствата, а истражувањето траело две години, при што глувци заморчиња девет часа на ден биле изложени на зрачење посилно од она на мобилен телефон.

Резултатите покажале дека нема потврда за распространетото мислење за поврзаност меѓу зрачењето и развојот на ракот или слични заболувања.

– Дури и при честа, секојдневна употреба на мобилни телефони, кај повеќето заморчиња не гледаме, на пример, зголемување на бројот на дијагностицирани мозочни тумори. Доказите за врската меѓу зрачењето и ракот се неубедливи. Ние не гледаме поголем ризик од оној за развиток на онколошки заболувања кај луѓето, гласи заклучокот на Управата.

Во исто време, научниците забележале малку поголема можност за развој на разни срцеви заболување кај глувците мажјаци, што биле дел од експериментот.

Поврзаноста на мобилните телефони и мозочниот тумор

loading...