Игуаните на Флорида смрзнуваат на невообичаено ниските температури | Видео

806

Поради невообичаено ниските температури на Флорида, игуаните во предградијата на Мајами се здрвуваат и паѓаат од дрвјата.

Националниот метеоролошки институт во Мајами соопшти дека во делови од јужна Флорида вчера биле измерени пет степени Целзиусови, што е доволно за да ги парализира зелените игуани, навикнати на тропските области на Средна и Јужна Америка.

Игуаните почнуваат да се смрзнуваат на температура под десет степени. Тоа е премногу студено за тие да се движат, нагласува Кристен Сомерс од Комисијата за заштита на рибите и дивите животни на Флорида.

Од овонеделниот студен бран не се погодени само рептилите, туку и морските желки.

При последниот ваков студен бран на полуостровот во 2010 година, кога температурите се спуштија под пет степени Целзиусови, угинаа голем број игуани, како и бурмански питони и други влекачи, кои живеат на суптропски климатски услови.

loading...