Лошиот возач на ЈСП Скопје и снаодливото дете | Од секојдневниот живот

34106

Вчера вечер мојот 13 годишен син се враќал од тренинг со 5-ка. Беше врнежливо, прозорите биле замаглени, веќе стемнето, а тој од скоро сам го користи јавниот превоз, се збунил и не ја препознал станицата каде требал да се симне.

Додека се обидувал безуспешно да препознае нешто низ прозорот, седејќи не знаел ни дека често возачот, ако нема патник кај вратата, си продолжува со полна брзина…
Каде што секој нормален човек ќе рече дека детето било на сигурно,тука почнува драмата.

Веќе сфаќајќи дека е далеку од дома, му се обратил на возачот како што е воспитан од дома: “Господине, јас ја промашив станицата, не знам каде е ова.”

loading...

На тоа бил избркан со: “Мали искачај од автобус!”

Мојов во паника дури извадил 100 денари кои ги имал во џебот и го молел да му помогне!

Ама НЕ, “господинот” го избркал! Во 10 вечер ми го оставил детето да талка по околните улички мислејќи дека ќе најде друг автобус пред да ни се јави.

Изгубен, сам, ни се јави, па додека едниот од нас избезумено возеше да го најде, другиот го наведуваше да дојде пак некако до автобусот за да возачот ни каже каде се наоѓаат!

Детево живо среќно извикува како го гледа автобусот, ја уште посреќна, он му тропа, му тропа… му тропа, и овој НЕ МУ ОТВАРА!!!

Он си седел со телефонот и со слушалки и со раката само му одмафнал!🤤🤤

По некоја минута си отишол и детево па само у мркли мрак!!!!

Следно му текнува на мојов бисер на google maps да се најде, па наскоро сфаќаме дека е у Ѓорче на последна 5-ка, од страв почнал пак да оди и веќе кога ни кажа дека гледа светлечки знак на #макпетрол, го насочивме да оди таму.

Таму вработените го примиле најљубезно додека сопругот стигна да го земе.

Им благодарам од срце!

Еден саат агонија детето да си го најдеме откако “господинот ” возач од ЈСП СКОПЈЕ го избркал од “НЕГОВИОТ” му автобус!

Ја знам што понатаму, само сакав да споделам какви нелуѓе има.

Споделете со вашите пријатели … !!!

#ЈСП СКОПЈЕ,Вчера вечер мојот 13 годишен син се враќал од тренинг со 5-ка.Беше врнежливо,прозорите биле замаглени,веќе …

تم نشره بواسطة ‏‎Rosanda Stojnev Stojanovik‎‏ في 9 نوفمبر، 2017

loading...