Изложба на фотографии „Глорија и Глорија” од Зоран Шекеров

440

Самостојна изложба на фотографии насловена „Глорија и Глорија“ на авторот Зоран Шекеров ќе биде отворена утревечер во Националната галерија Мала Станица.

Изложбата се состои од 60 црно-бели фотографии – фотографски есеј кој авторот ги фотографирал и пишувал додека бил на петмесечна посета во Чикаго(САД).

Авторот изложбата ја посветил на Глорија и Глорија, мајка и ќерка, кои потекнуваат од мексиканска фамилија и живеат во Чикаго, и двете боледуваат од болеста – рак.

loading...

– Бескомпромисен и сурово искрен во секаквa смислa. Спротивност на клишето дека фотографите го гледаат светот преку објектив. Исклучително невообичаен дух. Еден од најинтересните карактери што ми се случиле во последниве две-три години. Неуморен извор на приказни што звучат речиси невистинито и пријател на најпотценетите ликови во драмата наречена општество, вели за изложбата Јулијана Росоклија.

loading...