Изложба на фотографии и нова песна за роденденот на Тоше

1441
Booking.com INT

Со крводарителска акција, изложба на фотографии на Тоше и промоција на негова нова песна во Спомен-куќата на Тоше Проески во Крушево денеска ќе биде одбележан 36-от роденден на македонската и балканска музичка ѕвезда, која во 2007 година трагично го загуби животот во сообраќајната несреќа кај Нова Градишка, Хрватска.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Манифестациите ги организира Фондацијата „Тоше Проески“ во соработка со Спомен куќата – музеј на Гумење во Крушево.

Во текот на целиот ден во Спомен-куќата ќе се спроведе крводарителска акција. Напладне ќе биде отворена изложбата на петнаесетина досега необјавени фотографии на Тоше, а ќе биде промовирана и инструменталната верзија на песната на Тоше „Никада“.

Во Крушево допатуваа фанови на Тоше од Бугарија, Србија, Русија… за уште еднаш да му укажат чест и почит за неговото музичко творештво и неговите хумани дела.

Во спомен на Тоше Проески денеска ќе се одржи и панихида на неговото вечно почивалиште на Гумење во Крушево.

Традиционално, по 13-ти пат во Домот на АРМ во Скопје ќе се спроведе крводарителска акција, во организација на Црвениот крст, Институтот за трансфузиона медицина и Тоше фан форум клуб.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...