Изнесете ги децата надвор, иако е зима

10098
Изнесете ги децата надвор, иако е зима

Родителите по првите студени денови почнуваат да се грижат за тоа децата да не се разболат доколку играат на отворено, така што наместо тоа избираат заминување во игротека или дури сметаат дека е најдобро да останат дома.

Излегувањето на воздух е важно во секое годишно време, а следуваат неколку причини поради кои се препорачува престој на отворено.

Лекарите потсетуваат дека активносите на отворено, трчањето или шетањето на детето му пружа можност да се надише свеж воздух, а тој позитивно влијае на дишните патишта, го чисти и намалува кашлањето. Секако ова важи доколку воздухот не е загаден.

Сончевата светлина е лек, дури и кога надвор е мошне студено.

Истражувањата покажаа дека трауматичните, стресни животни моменти предизвикуват помалку психолошки пореметувања кај децата, кои често престојуваат во природа.

Вештачката светлина го намалува очниот фокус, додека дневната го враќа во нормала, така што е важно детето секој ден да биде надвор.

Престојот на отворено ја намалува хиперактивноста, бидејќи децата по играњето во паркот се помирни и со повеќе внимание пристапуваат кон решавањето на задачите и останатите активности.