Индиска авио-компанија воведе „зона без деца“

311

Компанијата „Индиго“, еден од најголемите индиски авио-превозници, во своите летала воведе „тивка зона“, во која е забранет пристапот на деца помали од 12 години.

Овие зони се наменети само за бизнисмени, а ќе ги опфаќаат 11,12,13 и 14 ред.

– Сакавме да обезбедиме удобност на сите патници кои патуваат со нашата компанија. Оваа зона е наменета за бизнисмени, на кои им е потребна тишина за да можат во мир да ја работат својата работа, рекоа претставниците од компанијата.

loading...

Сепак, овој потег наиде на осуда во јавноста, а многумина го сметаат за дискриминаторски.

– Некои од моите најлоши искуства на летањето со авион ми се поврзани  со возрасните, а не со децата. Пијаните патници, кои не се капат, или многу дебелите патници, кои не можат да се сместат во своите седишта, па почнуваат да ме буткаат. Станува збор за дискриминација – каде и е крајот?,  прашува колумунистка, Трејси Спајсер.

%d0%b4%d0%b5%d1%86%d0%b0-%d0%b2%d0%be-%d0%b0%d0%b2%d0%b8%d0%be%d0%bd

„Индиго“ не е првата компанија во светот која воведе зона без деца- компанијата „Скут“ во 2013 година соопшти дека планира да ја прошири бизнис-класата со поставување седишта со повеќе простор за нозете во заднот дел на кабината. Пристапот на деца под 12 години беше забранет.

– Не планиравме да ги навредуваме најмладите клиенти, ниту оние кои патуваат со нив. И понатаму ги имаат на располагање другите седишта, изјави тогашниот извршен директор, Кембел Вилсон.

loading...