ИНТЕРВЈУ | Лидија Трипуноска, генерален менаџер на Агенција „Марили“

718
Booking.com INT

Агенцијата Марили минатата недела по 20-ти пат го организираше Изборот на најуспешни жени менаџерки во Македонија.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Како преку организирањето на оваа манифестација, во овие 20 години го оценувате развојот на женското претприемништво во земјава?

– Мојата идеја во тој транзициски период кога имавме премин од еден во друг општествен систем, од една кон друга форма на стопанисување мојата забелешка беше дека жените кои влегуваат во приватниот сектор се исклучителни, храбри, силни, истрајни, и упорни. Ввлегуваат во некој ризик. Почнуваат нешто ново во кое е се ново околу начинот на управување со приватен капитал. Дел од тие жени бев и јас. И јас почнував сопствен приватен бизнис и самата чувствувајќи дека е потребна некоја потпора, некое храбрење, некоја почит кон тие жени дојдов на идеја дека треба да се почне еден ваков проект, преку кој и меѓусебно жените сами да се солидаризираат, да си се меѓусебно храбрат, што значи ако гледате позитивен пример и вие се охрабрувате дека можете. Таа постојана комуникација со тие жени ме натера да направиме еден вид наше гнездо во кое меѓусебно ќе си ги разменуваме искуствата, ќе си даваме совети како да успееме, кои грешки да не ги правиме.

Тоа беше главниот мотив и се забележуваше дека претприемништвото и менаџеството се развива и дека се повеќе жени се охрабруваа.

Малку се знае кога правиме споредба со тој период меѓу социјализам и капитализам дека  жената во тие големи социјалистички претпријатија многу тешко доаѓаше до висока менаџерска позиција. Се гледаше една голема хиерархија. На пример кога јас барав од некои големи фирми да учествуваат во изборот на жени менаџерки. Тие некои од нив кои  имаа и по 1400 вработени во своите сектори, но беа исплашени да бидат ставени во изборот со образложение  што ќе каже директорот. Во таа насока се било со дозвола, не може таа да се експонира. Тоа беше една голема хиерархија која многу се почитувала и многу било тешко жена да биде на менаџерска позиција. Додека пак приватниот сектор даде можност дали сопствен бизнис или во рамки на семејните бизниси полесно да доаѓаат до израз нивните способности и квалитети. Така што сметам дека се развива и женското менаџерство и женското претприемништво.

Зошто се одлучивме годинава да изберете 20 најуспешни жени менаџери?

– Симболично сакавме бројката да се поклопи со јубилејот. Секогаш имало понуда, но ние секогаш сме се определувале за топ 10 која е унифицирана бројка. Не беше тешко да се направи таа топ 20-ка бидејќи ние и во другите години можеби сме имале повеќе од 10 што сме можеле да ги прогласиме, но се држевме за една стандардна бројка. Се внимава секогаш сите стории да бидат различни од различни дејности, да нема повторување и да се зафати комплексно економијата. Понатаму манифестацијата не сум одлучила дали ќе продолжиме со топ 10 како изминатите 19 години или ќе направиме промена. Правиме проширување, така што овие две години имавме и тематски ден, посветен на соверемената жена, со современиот начин на живот. За секоја жена, не само менаџерката, која од преголемите обврски  да постигне на работното место да одговори приватно често пати заборава на себе, на своето здравје пред се, а потоа и на негата и убавината.

Каде се е присутна жената на менаџерска позиција. Во кои сектори најчесто се наоѓа?

– Со овој избор во оваа 20-та годоина, годинава се топ 20 жени  сакав да покажам колку различни типови женско менаџерство имаме во Македонија. Од една страна имавме менаџери кои беа докажани професионалци познати во својата област, од друга страна имавме млади личности кои се дел од семејни бизниси, каде има добра база каде се едуцираат, напредуваат и веројатно во иднина на нив ќе базира женското менаџерство.

Исто така, имаме и млади личности кои се препознаени од странските инвеститори во РМ. Многу млади со својата стручност, професионалност и своите карактерни способности се ставени да управуваат со високо софистицирани и светски етаблирани компании. Тоа е за поздравување и тоа покажува дека нашите млади кадри наоѓаат место во нашето општество. Можеби се во странска компанија, но се дел од оваа средина и не мора да заминат некаде, оти имаме и голем одлив на млади и стручни капацитети.

Во изборот имавме и претприемачи и менаџери дали е во агросекторот, некое модно ателје, не е битно жената имала претприемачки дух. Така што имаме повеќе форми кои беа зафатени во овој избор со кое сакав да покажам каде се е пристуна жената со своите професионални способности, со својот претприемачки дух и истовремено да биде и претприемач и менаџер што покажува едно придвижување во општеството што се однесува на доближување на позицијата на жената до тие најзначајни и највлијателни сфери како што е економијата.

Како што кажав, жената се уште ја има во финансискиот сектор, многу жени менаџери имаме таму, многу образован кадар имаме во тој сектор, во медицината. ИТ индустријата исфрла многу квалитетни кадри на жени на менаџерски позиции, потоа во делот односи со јавност. Текстилната индустрија останува сектор каде доминираат жените на менаџерските позици,  што е веќе уште од минатиот период. Така што тоа се секторите каде што најмногу можете да забележите жена. Иако се забележуваат во последните пет-шест години и во делот на туризмот и угостителството.

Како жената го почнува бизнисот и како одговара на позицијата?

Жените влегуваат во бизнисот постепено, чекор по чекор, со мали инвестеции па постепено ги зголемуваат. Ако се лични компании, тоа се мали и средни бизниси, помалку ризикуваат и помалку трпат штета. Така што  и нивните мотиви за создавање компании се да го обезбедат своето семејство или да постигнат сопствена лична независност, финансиска и економска.

Од тој аспект се забележува една поголема стабилност кај жените во бизнисот и кај претприемачите и кај жените менаџерки. Тоа го покажува и нашата статистика. Од вкупно досега избрани 210 жени, ако ги одземеме 15 отсто кои заминале во пензија, значи 70 отсто се се уште активни дали во нивните компании или во други компании каде биле менаџерки, што зборува не само дека бил квалитетен изборот, туку дека и жената не доаѓа случајно на висока менаџерска позиција, односно таа е многу способна, многу едуцирана, квалификувана, голем професионалец, многу се бори и е многу квалитетна и затоа останува на висока менаџерска позиција.

Жената кога тргнува да прави свој бизнис со својот претприемачки дух таа нема некои големи замисли. Сака да почне со нешто мало, нејзината мотивација е семејството да го обезбеди ако немаат доволно средство, затоа што оваа транзиција донесе и многу мажи кои останаа без работа и имате жени коишто издржуваат семејства. Почнуваат со мали бизниси, одат пополека, не преземаат големи ризици и оттаму сметам дека е многу и постабилен бизнисот на жената претприемач и полека пополека се развива, меѓутоа многу постабилно, не постигнуваат некои огромни приходи и обрти на капитали, меѓутоа опстојуваат и го надоградуваат и постепено својот бизнис го шират. Тоа е една одлика на женското претприемништво во однос на машкото.

На почетокот кога почнав да ја организирам оваа манифестација постоеше сомнеж дали жената може, дали навистина е принципиелна, дали е навистина квалитетна, дали може да го одржи бизнисот. Постоеше голем сомнеж и мислам дека првите манифестации некако беа прифаќани од машкиот свет со некој потсмев, ех жени менаџери. Сега веќе не дискутираме за тоа дали жената може. Толку многу се докажа жената во изминативе години и мислам тоа нашиот избор само го докажува се повеќе и повеќе, особено млади личности се повеќе се пробиваат затоа што многу се едуцираат. Не само високо образование. Тие поминуваат голем број обуки, се стекнуваат со многу сертификати од различни области, некако го одложуваат тој свој семеен брачен живот на сметка на кариерата. До 30 години  не сака да размислува за ништо друго освен за тоа како професионално да напредне, да направи кариера, така да имаме еден рапиден раст особено од младата популација на високо едуцирани жени коишто прават кариера и доаѓаат до високи менаџерски позиции и никој веќе не се сомнева во жената.

Има еден почит од машката популација што не беше така пред две децении. Тогаш беа поинакви односите, поинаку не гледаа мажите, но жените се докажаа и тоа реално се докажаа така што жена за да биде на висока менаџерска позиција значи дека многу е посветена на својата работа. Многу видливи резултати покажала, многу е квалификувана, стручна така што не може случајно да биде жена на менаџерска позиција.

Што покажуваат бројките. Колку жени во Македонија има на менаџерски позиции во Македонија?

Што се однесува до официјалните статистики имаме 12 проценти жени на менаџерски позиции  од сите вкупно вработени жени, околу 32 отсто се жени кои се во претприемништвото меѓутоа тоа се семејни бизниси. Таму имаме можеби најмногу жени и оние што се сопственици на бизниси жени претприемачи се нешто малку над 4 отсто. Во однос на состојбата на европските земји мислам дека сме некаде на средината, а ако се направи споредба со азиските земји се забележува таму голем рапиден пораст на жени на врвни менаџерски управувачки позиции што значи дека и нашата земја заостанува зад тие земји. На пример Кореја. Во последните 10 години таму рапидно жената оди напред,  многу побрзо во тие земји од овде, иако Европа се смета за земја на демократија, на човекови права, сепак некако во тој дел многу побрзо одат азиските развиени економски земји отколку европските земји, така да мислам дека многу повеќе треба да работиме на сето ова.

Статистиката покажува дека оваа бројка над 4 отсто е веќе 4-5 години.  Мислам дека малку повеќе треба да се стимулира женскиот претприемачки дух зошто со помали средства се почнува сето тоа. Може да им се овозможи на жените да почнат, па оние што се најдобри ќе опстојат бидејќи тие почнуваат со мали бизниси. Мислам дека треба да се охрабрат жените, преку мерки што ги нуди Владата, па и има и некои странски фондови. Значи треба да се охрабрат. Мислам дека и оваа манифестација ќе придонесе кон сето тоа.

Јас навистина сум задоволна што после овогодинешното издание на изборот на топ 20 менаџерки многумина коментираа дека не знаеле оти има толку многу солидни жени затоа што во овој избор ние ги поканивме и жените наназад од годините, уште 25 коишто се докажани, биле дел од тој избор, но се докажани и нивните бизниси напреднале.

Така да се создаде една убава слика дека не се баш така малку, дека има навистина многу жени квалитетни и на високи менаџерски позиции. Мислам дека тоа е еден пример во општеството меѓу другите организации, асоцијации што постојат, што работат на тоа, на подигање на претприемачки дух, на лидерство кај жените, мислам дека и овој проект кога веќе трае 20 години покажува нешто околу присуството на жената во бизнис секторот околу афирмацијата на жените во бизнисот.

Што да се преземе за да се поттикнува женското прептриемништво?

Во делот на претприемништвото уште многу треба да се направи. Треба многу да се помага, преку фондови, дали домашни или нбадворешни, бидејќи има и нови млади личности кои се едуцирани, кои имаат претприемачки дух а на кои треба да им се помогне да почнат, особено во делот на почетното финансирање. Исто така треба да им се помогне и со разни видови едукација, како во односот со вработените, како да се развиваат, како да пласираат производи…

Треба паралелно да одат и едукации. Треба да се работи многу повеќе и мислам дека не е доволно стимулирано како што би можело да биде преку проекти како што е нашиот да поттикнува.

За МИА Сузи Котева Стоименова

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...