Интеркултурна претстава „Аудиција“ во кино „Фросина“

616
Booking.com INT

Во кино „Фросина“ во Младинскиот културен центар вечер ќе биде изведена претставата „Аудиција“, која ја создадоа млади од Куманово со цел да го покажат секојдневието на младите луѓе од сите етнички припадности во Македонија.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Претставата е дел од активностите на проектот „Ку Тенда – Приказни, Слики и Звуци во движење – Живи мемории во југоисточна Европа“, реализиран од Центарот за интеркултурен дијалог и финансиран од програмата на ЕУ за култура – Креативна Европа. Режисер е Кети Дончевска-Илиќ, а кореограф – Сања Русеска. Влезот за посетители е слободен.

– Претставата е резултат на интеркултурна театарска програма која има за цел активно вклучување на младите од влашката заедница, Покрај претставата, во рамки на проектот досега се одржани и креативни работилници каде ученици од основните училишта од Куманово преку креативни методи креираат мотиви кои се поврзани со влашката култура во Македонија, соопшти Центарот за интеркултурен дијалог.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...