Искреноста е основа на врската, но постојат работи кои не треба да му ги кажете на вашиот партнер

782
Booking.com INT

Љубовната врска се базира на искреност, но тоа не значи дека со својот партнер треба да ја споделите баш секоја ситница односно сѐ нешто.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Молчењето понекогаш е злато и ќе биде подобро да премолчите некои детали.

Ако криете нешто од партнерот и затоа чувствувате грижа на совест, тоа е сигурен знак дека би требало да му ја кажете својата тајна, вели психијатарот Crystal Rice. Од друга страна, постојат некои мали нешта во секојдневниот живот, кои треба да се задржат за себе.

Еве на кои детали би требало да внимавате:

1. Мислите дека келнерот од кафулето во вашата зграда е многу сладок

Ако во вашиот живот постои лице кое ја загрозува вашата врска, тој проблем дефинитивно треба да го решите со вашиот партнер. Но, ако мислите дека некој е само сладок, на пр. келнерот од кафулето, тоа и не мора да го признаете никому.

2. Не ви се допаѓа како готви мајка му

Со партнерот вреди да се позборува, ако неговите родители се однесуваат кон вас несоодветно или со непочитување. Но, тоа што не ви се допаѓа како готви мајка му, или сметате дека неговиот татко понекогаш е досаден со неговите приказни од младоста, тоа нема никаква смисла ниту да се спомене.
3. Вашиот партнер никогаш не би победил на Суперталент

Вие не треба да му зборувате дека нема слух, затоа што најверојатно тоа и го знае. Од друга страна вашето критикување би можело само да ги зголеми неговите несигурности.

4. Не ви се допаѓа неговиот пријател од средно училиште

Ако неговите пријатели само ви се досадни, но не груби и непријатни кон вас, бидете внимателни што ќе му кажете за нив на својот сакан. Негативните коментари би можеле да го наведат вашиот партнер да избира меѓу вашето друштво и друштвото на пријателите од училишните клупи.

5. Некој ви се пуштал синоќа

Сѐ додека вие не возвративте интерес, вашиот партнер не треба да знае дека некој ви се нафрлал. Ако му го признаете тоа, всушност, во него би можеле да предизвикате непотребна љубомора.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...