Исповед на еден татко | “Еден ден бев мајка – и речиси ќе полудев!”

20617

Јас сум татко на две деца, а ова е мојата смешна исповед.

Милица, ќерлката на тато, има 7 години и е прваче. Лука наскоро ќе има 4 години и многу е немирен. Сопругата се грижи за нив, онака лежерно и вешто (иако, постојат денови кога вели дека жали што станала мајка). А кога тоа ќе се случи, брзо се смирува, ги брише солзите и ги бакнува Милица и Лука во челото (и мене сака да ме бакне, но само во образ).

Секогаш се прашував зошто жените по цел ден знаат да велат: “Погледнете како изгледа собата. Зошто не сте го изеле гравот? Учи Милице, стекнувај работни навики. Ќе пукнам! По цел ден само собирам работи зад вас (да, и мене секогаш ме става во ист кош со децата). Ме боли грбот, нозете, стомакот … Уморна сум, ми се спие …” Како тоа да е некаква мудрост! Како да ти треба висока школа за да бидеш вешта мајка, сопруга, домаќинка?

loading...

Ако не го доживеав тоа, не би поверувал! Пред неколку недели мојата сопруга мораше да оди некаде на два дена. “Баба сервисот“ во овој случај откажа, а на дедовците не би им дал ниту две овци да чуваат. Затоа, земаав два дена одмор и им се посветив на децата. На моите мали ангели!

Утро… Милица ме разбуди во 5 часот. Вели дека Лука се укакал во кревет. Велам, зошто не ме разбуди да го однесам во тоалет.

“Да тато, те будеше, но, ти не може да станеш. Викаше нешто, ммммм, пушти ме … И тогаш мене ме разбуди, но веќе беше премногу доцна. Се искакал.”, кажа Милица додека ги триеше сонливите очи.

– “Па добро, одам по чиста долна облека и пижами, а вие лежете. Има уште време за тргнување на училиште”.

– “Но, промени ја постелнината, навистина смрди, повторно вели таа.”

– “Дојдете во дневната соба, утре ќе ја променам. И затвори ја вратата од собата да не нѐ разбуди смрдеата. Ауууу, Боже Лука, со што се храниш? Па ова ги штипе очите.”

Појадок – агонија. Знам дека Лука е алергичен на кикирики и тоа е тоа. Повеќе информации не сакав да имам. Јас не можев да замислам дека еден обичен појадок може да биде толку многу комплициран. Лука сака топли виршли, добро пржени, а таа сака мусли. Ми требаше долго време за да пронајдам каде стои кутијата со тоа нешто што јас никогаш не би го вкусил, а овие моите го обожуваат. Милица ја испратив на училиште, ги измив садовите, постелнината ја сменив, ручекот го нарачав од блискиот ресторан. И повторно почувствував благ замор.

Милица се врати од училиште и сака да ѝ помогнам со домашните задачи по математика. Добро, собирање, одземање, ќе бидам доминантен. Сепак, има што да се види. Децата денес не собираат како што собиравме ние некогаш. Користат некои загради, ги одземаат десетките од единиците, вишокот го ставаат повторно во некои загради.

– “Чекај ја Мицо мајка ти, таа е тата мата за математика. Како и да е, не може да добиеш кец, во првото одделение описно се оценува. Дали е тоа така?”

Лука беше во паркот. Тој вели дека му е досадно дома. Јас не можев да мрднам, легнав малку на софа, очните капаци се тешки, веќе дремам … А Лука вика како изгладнет.

– “Тато, тато … ајде да одиме во паркот”.

Јас му давам хартија и фломастерите на Милица за да црта. Го молам да биде тивок и ѝ велам на Милица да внимава на него, додека јас малку “дремнам”. По некое време, ме буди нивното смеење. Тие ми велат да одам до огледалото. Има што да видам, на Лука, моето лице му послужило како боенка. Јас се смеам со нив …

Дали јас ова ќе го преживеам?

Наскоро ќе дојде вечера. Вадам некои ќофтиња од замрзнувачот кои сопругата ги оставила и одам по леб со Лука. Со лебот купувам секакви глупости во кои мојот син покажа со прстот, и јас се сожалив. Си реков ако сум израснал во сиромаштија, не сакам на моите деца нешто да им недостасува. Три киндер јајца, јафа, една Милка од 300 и две од 100 грама кутија чоколадни банани … Нека има децата со што да се засладат. Иако и јас би можел да се наградам, во секој случај, јас не сум ќуфте-фан!

Дојде време за бањање. Не мора баш секоја вечер, си помислив – ќе им се истенчи кожата. Лука утрово веќе го измив (по големата потреба која ја направил во креветот), Милица барем забите да ги исплакне и одиме да сонуваме убави соништа. Сакаат да им раскажувам убава бајка. Ајде, почнав од Црвенкапа. Милица ме опоменува, и ми вели, дека Лука се плаши од волкот и не му се допаѓа таа бајка. Таа сака да му ја кажувам онаа за храбриот кројач. За кој? Мора да се шегувате. Јас ја знам Црвенкапа, Пепелашка и онаа за џуџињата – сакате не сакате. Што велите да ви раскажувам за моите војнички денови? Не сакаат, се разбира. Јас им давам таблет, па нека најдат она што ги интересира, интернетот е барем полн со такви глупости. Некако го дочекав утрото… Се будам, но преживеав. Утре ме очекува истото …

Не можев да го дочекам денот кога на врата ќе ја видам неа, љубовта на мојот живот, мојата сопруга, жена, мојата кралица. Никогаш не сун ја сакал повеќе од тогаш, кога конечно се врати. Веднаш штом ме виде, пукна од смеење, дури потоа ме бакна.

– “Смрдиш како ѓубре на сонце”, рече таа. “Куќата, како атомска да ја погодила… Имаш некои остатоци од фломастери на лицето…”

Сфатив – не е тоа лесно! Јас сум поразениот!

– “Бев мајка околу 36 часа и не успеав. Сепак, јас ќе се држам до она што го правам најдобро. Признавам, не е лесно и немам идеја како тоа ти поаѓа од рака. Секогаш ќе бидам тука да помогнам, секогаш кога ќе биде потребно. Но, повеќе не ме оставај сам со нив! Со моите мали ангели!”

“Дали сега ме разбираш?”, рече таа со насмевка.

“Да љубов, те разбирам”, одговорив тивко и побрзав да легнам во креветот кој мирисаше на нова постелнина која јас ја променив!

И.П.

loading...