Историска средба од два часа и 16 минути!

1556
Booking.com INT

Трамп му попушти на Путин во врска со рушењето на Асад, но за возврат побара услуга за истокот на Европа.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Во јулската жештина, додека улиците на Хамбург станувале место на бруталниот конфликт меѓу силите на редот и радикалните антиглобализациски демонстранти, во кои беа повредени стотици луѓе и од редовите на полицијата и на демонстрантите, во климатизираната соба број 14 во Конгресниот центар за прв пат се сретнале, со мало задоцнување или по долго очекување, претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин. И тоа тет а тет – само со своите први два дипломати, Рекс Тилерсон и Сергеј Лавров.

Додека одекнувале сирените по улиците на Хамбург и звукот на кршење, двајцата претседатели заседнале во белите фотелји и зборувале два часа и 16 минути. Биле планирани само половина час, но разговорот се продолжил за еден час, а потоа тие очигледно имале за што да зборуваат, бидејќи средбата траеше повеќе од два часа, па деловите од нивниот разговор доаѓале како низ пинцета, зад добро затворена врата.

Рускиот претседател Владимир Путин најави дека “очекува многу од првата средба”, а Трамп изрази уверување “дека состанокот имаше позитивен ефект врз меѓусебните односи меѓу двете земји.” Тие, откако Трамп победи на изборите, веќе четири пати зборувале по телефон, но сега тие конечно се сретнале лице в лице, по серија, во прв миг воодушевени, а потоа сѐ повоздржан и претпазливи изрази, на меѓусебното задоволство. Тие се ракувале и се проучувале под око, дали нивните насмевки се лукави или пријателски. Но, медиумите забележале дека на првиот утрински состанок во фоајето Трамп при ракувањето пријателски го фати за лакт Путин, а на заминување му ја стави раката на рамото, што беше интерпретирано како опуштен, шармантен и смирувачки гест. Двајцата претседатели сакале да остават добар впечаток еден на друг за да сенката на можен “неуспех” не падне на некој од нив.

Сирија и Украина биле главна тема на првиот состанок, кој, за почеток, и двете страни го прогласиле само “проверување“ на теренот и согледување дали може да се воспостави личен контакт, на кои Путин во меѓународните односи многу инсистира, но ниту Трамп не ги занемарува овие односи.

До средбата на маргините на Г-20 дошло само еден ден откако во Варшава, во својот говор на отворено, претседателот на САД Трамп ја обвини Русија за дестабилизирачки фактор.

– Путин го забележа говорот на Трамп во Варшава – изјавиле кратко неговите колеги во Хамбург. Со тоа Трамп најави дека Путин и Русија ги држи на растојание, особено затоа што постојано го сомничат дека премногу им е склон на Русите, а тука е и скандалот околу (наводно) руската вмешаност во неговата изборна победа. Иронично, некои медиуми напишале дека Трамп конечно ќе се сретне со “оној кој му овозможил да ги добие изборите. Инаку, Трамп до сега не направил некои потези кои на Русите би им дале надеж дека ќе се нормализираат односите, па дури велат дека односите сега се полоши отколку во времето на Барак Обама, кога се чинело дека полоши не можат да бидат. Многумина во Москва ја нагласувале непредвидливоста и невоздржаноста на Трамп како главна закана за нормализација, дури се зборувало дека Кремљ ќе зажали за Обама.

Трамп, како што пишуваат руските медиуми, се откажува од барањето, сирискиот претседател Башар ал Асад да мора да ја напушти својата позиција. Тој секогаш беше камен на сопнување во односите меѓу САД и Русија во Сирија. Покрај тоа, се согласуваат со рускиот предлог за областите на безбедност и се согласиле на прекин на огнот, кој започнува во недела 9 Јули, на пладне по локално време.

Многумина го толкуваат ова како почеток на поделбата на Сирија на зони на интерес, па дури и во иднина на физичка поделба на Сирија, каде што граѓанската војна трае од 2011 година.

Американците, велат тие, се обврзале дека нема да ги напаѓаат деловите од Сирија под контрола на силите лојални на Башар ал-Асад, и нема во тие области да испраќаат своја војска, а нема да биде ни спротивно.

Главната стратегија на САД во Сирија не е соборувањето на Башар ал Асад, туку само борба и конечен пораз на т.н. Исламска држава. Меѓутоа, таквата позиција веќе предизвикува незадоволство во САД, дури и меѓу некои републиканци, како што е незадоволството на сенаторот од Аризона Џон Мекејн.

Противниците на таков договор со Русите мислат дека оди во полза на руската страна и дека САД ќе извиси, ако толку ѝ попушта на Русија во Сирија. Дојде на ред и Украина. Русија се надевала дека САД ќе ја остават малку Украина на мир, и дека нема да инсистираат премногу на ова прашање. Сепак, Владимир Путин, бара САД да ги притисне властите во Киев да го исполнат својот дел од договорот од Минск, особено оној кој ги вклучува сите уставни промени и специјалниот статус, како и посебните политички и економски односи на тие одметнати делови на источна Украина, со Русија.

Украина се плаши од тоа дека на тој начин се создава еден вид на “Република Руска”, како и во БиХ, која на Украина нема да ѝ даде можност да се развива како полноправна држава. Ова на Русите им е основниот услов кој ќе овозможи да се реши украинскиот проблем. Американците, пак, сакаат “повеќе слобода” во толкувањето на Договорот, што е сигнал за Москва дека Киев одложува со давањето на автономија на тие провинции. Всушност, пред оваа средба Доналд Трамп во Вашингтон разговараше со украинскиот претседател Петро Порошенко.

Но, во секој случај, надежта на Кремљ дека Трамп ќе го “релаксира” украинското прашање и дека ќе ги доведе во прашање санкциите против Русија, сепак не се обистини. Договорот од Минск не ја споменува судбината на Крим. Путин во разговорот го поставил и прашањето на враќањето на неодамна запленетите руски дипломатски вили во Њујорк и Мериленд. Рускиот претседател коментираше на крајот дека би можеле почесто да се сретнуваат.

Домаќинка на собирот Г-20, германската канцеларка Ангела Меркел, изјавила дека нема амбиции да биде посредник во односите меѓу Владимир Путин и Доналд Трамп. Конечно, таа рече дека преговорите за трговијата биле тешки и исцрпувачки.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...