Истражување | Децата не пијат доволно вода

1801
Децата не пијат доволно вода

Статистиките покажуваат дека повеќе од половината деца кои живеат во развиените земји не внесуваат доволно вода, додека едно од четири деца воопшто не пијат вода во текот на денот.

Резултатите исто така покажуваат дека момчињата за 76 проценти помалку пијат вода од девојчињата и често се на граница на дехидрираност.

Лесната дехидрација не може да го загрози здравјето, доколку децата континуирано не внесуваат доволно вода може да настанат когнитивни проблеми (главоболка, мачнина).

Лесниот облик на дехидрација кај малите деца предизвикува нервоза, ретко мокрење, сува уста и помалку солзи кога плаче бебето.

Лекарите препорачуваат децата на возраст од една до три години да пијат околу четири чаши вода дневно, додека за децата од четири до осум години треба да пијат пет чаши вода.

Кога детето ќе наполни девет години количината на вода зависи од полот: момчињата на возраст од девет до 13 години треба да пијат по осум чаши вода, а девојчињата  – седум чаши.

loading...