Истражување | Змиите се еволутивни потомци на песовидни животни

1062

Најновите истражувања на универзитетот Витватерсранд во Јоханесбург и лондонскиот Природонаучен музеј покажуваат дека не змиите, туку песовидните влекачи се првите суштества кои почнале да произведуваат отров.

Имено, на територијата на Јужноафриканската Република се најдени два фосила на изумрениот вид Euchambersia – влекач долг 40 до 50 сантиметри, со кучешки заби коишто ги користел како заштита и за лов, но и со други „кучешки“ карактеристики.

loading...

Овие суштества живееле пред 260 милиони години, 180 милиони години пред појавата на првите змии.

– Ова е најраниот наод и доказ за ’рбетник кој произведувал отров, рече Џулијан Беноа од тимот научници.

loading...