Истражување | Мачките ги сакаат луѓето повеќе од храната

1500

Американски научници од Државниот универзитет во Орегон дојдоа до сознанија дека повеќето мачки го претпочитаат општењето со луѓето, пред се останато, па дури и пред храната, пишува списанието „Бихејвиорал Просесес“.

Експертите го следеле однесувањето на мачките во четири етапи: контакт со луѓе, храна, играчки и реакција на мирис.

Во експериментот се земени и домашни и улични мачки, при што секоја била лишена од четирите фактори, едно по друго. Потоа следел изборот меѓу играчка, храна, следење пријатна арома и човек.

loading...

Повеќе од половина од изгладнетите „заморчиња“, отишле прво кај човекот, па кај чинијата со храна. Резултатите биле слични и кај домашните, но и кај уличните мачки, кои претходни речиси и не биле во контакт со луѓе.

По се, изгледа митот дека мачките се себични и се умилкуваат кај луѓето само заради корист, е разбиен, се вели во написот.

loading...