Истражување | Најстресна работа е келнерската | Фото/Видео

518

Според истражувањето објавено во магазинот „Неуролоџи“, најстресната работа е занимањето келнер. За разлика од тоа, најмал стрес на работа имаат научниците и архитектите и тие кои вршат пасивни дејности како домар, рудар и физички работник. 

%d0%bd%d0%b0%d1%98%d1%81%d1%82%d1%80%d0%b5%d1%81%d0%bd%d0%b0-%d1%80%d0%b0%d0%b1%d0%be%d1%82%d0%b0-%d0%b5-%d0%ba%d0%b5%d0%bb%d0%bd%d0%b5%d1%80%d1%81%d0%ba%d0%b0%d1%82%d0%b03

Иако на прашањето која професија е најстресна многумина одговориле неврохирург, лекар, деминер, или рудар, новата студија покажува дека робовските, неблагодарни работи, како што е келнер, се најстресни и најмногу штетат на здравјето.

Кинеските научници тврдат дека тие работници имаат 58 отсто поголем ризик од срцеви проблеми, а почесто заболуваат и од исхемиски мозочен удар, најчест мозочен удар предизвикан од блокада на проток на крвта.

Студијата покажува дека лица кои работат на многу стресни работи помалку се грижат за себе и често прибегнуваат кон пороци.

Image result for Most stressful thing waiter

Научниците велат дека стресот најмногу зависи од чувството на контрола и почит. Иако лекарите, наставниците и слични професии имаат ментално потешки работи, се чувствуваат почитувано и затоа не се под стрес. Спротивно на тоа, работите во услужната дејност главно не се ценат.

%d0%bd%d0%b0%d1%98%d1%81%d1%82%d1%80%d0%b5%d1%81%d0%bd%d0%b0-%d1%80%d0%b0%d0%b1%d0%be%d1%82%d0%b0-%d0%b5-%d0%ba%d0%b5%d0%bb%d0%bd%d0%b5%d1%80%d1%81%d0%ba%d0%b0%d1%82%d0%b02

loading...