Водич за консумирање сокови | Дневно количество сок според возраста на детето

743

Балансирана исхрана значи разновидност. Покрај храната, течноста е исто така важна, ако е избрана мудро. Сокот е, како дел од овошната група, во пирамидата исхрана на здрава храна кога се зема во препорачани количини.

Но, сокот е базиран на вода и јагленохидрати, па неговата прекумерна конзумација може да доведе до здравствени проблеми како што се неухранетост (во случај кога бебињата земаат поголема количина сок наместо млеко), застој во во раст (помал раст), кариес, дебелина, хронична дијареа (пролив) предизвикана од оптоварување на цревниот тракт со голема количина на јаглени хидрати.

Соковите се погодни за тестирање на децата колку сакаат слатки. Во последниве години, драстично се зголемил внесот на овошни сокови, а газирани сокови пијат сите генерации. Доенчињата добиваат сокови за да се смират, поголемите деца ги пијат по цел ден. Бидејќи тие се сиромашни со растителни влакна, овошните сокови се пијат повеќе отколку што е потребно, затоа што немаат заситувачка моќ.

Децата кои пијат поголеми количини на сок внесуваат во организам поголема количина на витамини и минерали. Меѓутоа, ако консумираат премногу сок нема да чувствуваат глад, па ќе им недостасуваат хранливи материи кои се земаат со храната. Нема хранлива оправданост за давање на сокови кај новороденчиња под шест месеци. Ако сокот се дава пред цврста храна, постои ризик да замени млеко, што доведува до намалување на внес на протеини, масти и минерали како цинк, калциум, железо. На новороденчето треба да му се понуди сок само кога може да го пие од чаша.

Сите сокови не се исти

Важно е да се направи разлика помеѓу овошните сокови и овошните напитоци. Овошните сокови содржат 100 проценти овошје, а овошните напитоци 10-99 проценти, со можност за додавање на витамин Ц, калциум, засладувач и различни вкусови. Многу пијалоци се засладени со пченкарен сируп и шеќер, или им се додаваат вештачки ароми. Покрај тоа, тие имаат додадени калории кои водат кон дебелина.

Производителите мораат да ја наведат на етикетата количината на сок во нивните производи.

* Под овошен сок се подразбира сок кој не е ферментиран (без одвивање процес на вриење), а кој е направен од свежо (и тоа зрело) или замрзнато овошје, на еден или повеќе видови овошја, со карактеристична боја, мирис и вкус.

* Под сируп се подразбира концентрат кој содржи повеќе од 50 проценти овошје.

* Под концентрирани сокови се подразбира производ од едно или повеќе овошја, со соодветен додаток на вода. Тие не би требало да имаат помалку од 50 проценти од овошје.

* Под нектар се подразбира додаток на вода и природни засладувачи во неферментирани производи.

* Под овошни сокови се подразбира пијалак кој содржи концентрат на свежо овошје, вода, засладувач и додаден вкус, а газираните сокови и додаток на јаглерод диоксид.

Како да одберете сок?

  • Консумирајте 100 проценти овошен сок, бидејќи различните овошни сокови, особено коктелите, можат да содржат 10-50 проценти чист сок, а многу вода, шеќер и адитиви. Избегнувајте вкусови на пијалаци кои содржат фруктозен сируп.
  • Погледнете го сокот: колку е потемен, толку е подобар.
  • Не сите 100% овошни сокови се исти. Оние од јаболка или грозје имаат помалку витамин Ц од сокот од портокал, кој има и помала количина на шеќер.
  • Употребувајте цитрусни сокови – наутро, се препорачува сок од портокал. Тој е одличен извор на витамин Ц, фолна киселина, и содржи тиамин, во споредба со другите сокови има повеќе протеини, витамини А и Б, калциум и железо.

  • Користете само пастеризирани сокови. Ако тие не се пастеризирани, можеби содржат бактерии кои можат да предизвикаат болести на кои децата се особено чувствителни поради незрелиот имунолошки систем.
  • Водете сметка за разновидноста. Следен добар избор е нектарски сок, кој содржи повеќе калории, но и хранливи материи. Особено е квалитетен нектар од кајсија, бидејќи содржи бета каротен, повеќе протеини, витамини А и Б6, железо. Исто така, е квалитетен нектар од праска, круша, слива …
  • Избегнувајте сокови со големи количини на сорбитол, кој може да предизвика дијареа и абдоминална болка, бидејќи вишокот на фруктоза ферментира во дебелото црево. Незрел дигестивен систем кај доенчињата и малите деца предизвикува неапсорбираниот шеќер да пристигне во дебелото црево – каде што ферментира, па децата имаат гасови и дијареа.

Препорачани сокови

  • Портокал – содржи еднакви количини на гликоза и фруктоза, а нема сорбитол. Во овој сок има голема количина на витамин Ц, фолна киселина, калиум, фитонутриенти.
  • Грејпфрут – уште еден голем извор на витамин Ц
  • Нектар кајсија – богат со витамин А, железо, цинк
  • Нектар од слива – железо, цинк, влакна, ниацин
  • Бело грозје – витамин Ц
  • Боровинка – содржи витамин Ц, железо
  • Јагода – содржи витамин Ц, калиум и влакна

Повеќе сок – подебело дете!

Иако соковите содржат различни хранливи елементи, нутриционистите сметаат дека се инфериорни во однос на свежото овошје. Покрај тоа, слатките сокови се извор на дополнителен шеќер во исхраната. Истражувањата покажуваат дека кај деца на возраст од три и четири години, ако двапати дневно пијат засладени сокови – двојно се зголемува ризикот од зголемување на телесната тежина после една година. Затоа, количината на соковите треба да се намали. Наместо сокови, на децата давајте им овошје и вода.

Како да се ограничи количеството на сок?

  • разредете ги со вода
  • сипете вода во интересни чаши
  • понудете овошје наместо сок
  • не дозволете мало дете да заспие со шише сок
  • понудете 100% сок со оброци или закуски. Послужете сок од портокал за појадок. Инаку, сокот од портокал или грејпфрутот го содржи потребниот дневен износ на витамин Ц. Сепак, треба да се има на ум дека витаминот Ц пропаѓа со стоење на воздух. Затоа е најдобро да се даде свежо цеден сок.

Prim. dr med. Јасминка Комненовиќ, педијатар-нутриционистка

loading...