Исхрана според крвни групи

2234

Сите сме свесни дека крвта буквално значи живот, но крвта е, исто така, и основа за разбирање на имунолошкиот систем. Ние сме генетски предодредени за одреден тип на исхрана.

Крвта не е само транспортер на кислородот и на хранливите материи, и исфрлувач на јаглерод-диоксидоти друг отпаден клеточен материјал; таа е и дух на нашето тело. Во крвта и со помош на крвта во организмот се одвива секојдневна борба за преживување, бидејќи имунолошкиот систем не може без крв. Сите одбранбени одлуки: оперативни, тактички и стратешки се одвиваат во крвта и во крвните садови: таа е бојно поле во борбата за опстанок и војна против натрапниците кои не напаѓаат.

Интересно е тоа што телото љубоморно го чува железото во крвта и не го исфрла надвор од организмот, туку го рециклира со помош на црниот дроб и жолчката, како што прави човекот со старото железо. Со губењето на таа животна течност системот престанува да постои, животот гасне, а животната пумпа наречена срце престанува да функционира. Тоа е течен орган кој не е својствен само за човекот и кој не може вештачки да се произведе, кој ги поврзува сите делови на нашето телото во многу сложена функционална целина.

Сепак, конвенционалната медицина прави отклон (отстапување) од крвните групи. И покрај фактот дека ако, примиме крв од лице со кое не ја делиме истата крвна група, ќе умреме, медицината отфрла дел од модерната наука во биологијата, хемијата и физиката.

Откритие на крвните групи

На крајот на 19 век извршена е првата регистрирана трансфузија на крв од овца на човек. Ја изведе Луј Пастер, но пациентот не преживеа. Потоа, се ределе обиди во директна врска од човек на човек, со само повремени успеси, за кои не се знаела причината.

На почетокот на 20 век на овие методи на обиди и грешки, им застана на крај австрискиот научник Karl Landsteiner, откривајќи ги антителата на крвните групи. Поточно, крвната група е основа за разбирање на имунолошкиот систем. Со цел да се одбрани од напаѓачите, вирусите, бактериите и другите непријатели, и да преживее, односно да ги разликува непријателите и напаѓачите од пријателите, нашето тело има антигени (ознаки или белези).

Секоја крвна група има свој антиген, кој го стимулира имунолошкиот систем да ги произведе соодветните антитела како одговор на нападот. Антителата во крвта вршат аглутинација со напаѓачот, за полесно да го уништи и избркаат од телото. Секоја крвна група се разликува по својот специфичен антиген кој се наоѓа во црвените крвни клетки, и кој по хемиска структура е различен за секоја крвна група.

Крвната група “0” во составот има антиген на шеќер фукоза (C6H12O5) и многу е едноставен. Крвната група “А”,која е формирана од крвната група “0”, се добива кога на фукозата ќе ѝ се додаде уште еден шеќер, N-Acetylglucosamine. Крвната групата “B” се состои од шеќер фукоза со додаток на еден друг шеќер, D-Galactosamine, додека крвната група “АБ” е составена од фукоза + N-Acetylgalactosamine + D-Galactosamine.

Покрај четирите крвни групи, кај луѓето се разликуваме и статусот плус (+) и минус (-), односно секретор и несекретор. Секреторите своите антигени ги излачуваат и во крвта и во сите други телесни течности: слуз, плунка, сперма … и прават 80 проценти од човештвото, а останатите се несекретори, кои антигените на својата крвна група ги имаат само во крвта. Ландштајнер, овој резус фактор го открил во 1940 година, при што главна улога одиграл мајмунот Rhesus Macacus како експериментално лабораториско животно.

Важно е да се нагласи, дека антигените во значајни количини се наоѓаат кај цревните бактерии на дигестивниот тракт. Тоа го истакнува значењето на изборот на храна според крвната група бидејќи, веќе во првата фаза на варењето на храната телото преку антигените реагираат на внесот на неадекватната храна. На ваков начин имаме прво ниво на одбрана од “погрешна” храна, веќе во желудникот и цревата, пред да стигнат до крвотокот.

Затоа е важно да се обрне внимание на важното внесување на свежи и квалитетни намирници, но, исто така, да се води грижа да бидат прилагодени на крвната група. Со влегување во вашето тело, храната мора да помине низ микронска физичка и метаболичка трансформација, навлегувајќи длабоко во интимата на вашето прекрасно создадено тело, со цел да стане дел од неа.

За да ја направиме оваа фантастична трансформација здрава и природна, нѝ помага сознанието за крвните групи, со напомена дека не треба да се мешаат поимите на интолеранција на храна и алергиите на храната. Интолеранција на храна значи дека не знаејќи јадете храна која не одговара на вашата крвна група.

На пример, луѓето со крвна група “0” не можат да консумираат млеко, бидејќи тие го немаат ензимот ренин, кој може да ја процесира лактозата. Алергијата на храна е реакција на телото на намирница или на алерген кој таа го содржи, иако таа е безопасна за телото.

Тие проблеми можат да се избегнат ако се придржуваме на препораките за исхрана по крвни групи. Тестот за интолеранција на храна може да даде лажни информации ако претходниот ден сте јаделе повеќе (роденден, свадба, празници …), или во случај во цревата да има остатоци од храна која не ви одговара и која е измешана со онаа која ви одговара.

Првата линија на одбрана

Хипократ учел дека здравјето на организмот започнува од здрав гастроинтестинален систем и дека не можете да бидете здрави ако почетната точка на пристигнување на храна во организмот не ја доведете во ред. Првиот и најлесниот чекор се пробиотиците (јогурт, кефир), кои дејствуваат врз здравјето и рамнотежата на добрите и лошите бактерии во цревата, а одговараат на сите крвни групи, бидејќи припаѓаат на ферментирани млечни производи и не содржат, за многумина проблематична, лактоза.

Се разбира, ништо нема да ви се случи ако понекогаш јадете некоја погрешна намирница, но факт е дека сами го одредувате своето ниво на телесната форма и здравјето. Ако се слушате себеси и сигналите на вашето тело, тоа ќе ви помогне здраво да се храните, здраво да живеете и добро да се чувствувате. Хемоглобинот памети 120 до 140 дена сѐ што сте јаделе или пиеле во тој период, било тоа добро или лошо, а црниот дроб е уште поголемо злопамтило.

Клучот на автоимуните болести

Лектините се протеини од намирниците кои играат важна и посебна улога во секоја крвна група. Со конзумирање на намирници чии лектини не одговараат на вашата крвна група, предизвикувате потешкотии во варењето, а со нарушување на метаболизмот го активирате имунолошкиот систем, кој реагира со производство на антитела во служба на заштита.

Бројните автоимуни болести и воспалителни процеси се поврзани со внесување низ храна во организмот на непријателските лектини. Најчестите болести кои ги предизвикуваат се: ревматоиден артритис, фибромијалгија (широкораспространета болка), кронова болест (хронично воспалителен процес на тенкото црево), целијачна болест (неподносливост на организмот на глутен), нервозно дебело црево, нефропатија (болести на бубрезите), лупус (хронична автоимуна болест во која имунолошкиот систем на телото станува хиперактивен и напаѓа нормално, здраво ткиво)…

Меѓу нив, треба да се нагласи лектинот од пченица, познат како аглутинација на пченични никулци (wheat germ agglutinin), кој преставува проблем за голем број луѓе, а особено за крвната група “О”.

Тргајќи од Хипократовиот принцип дека храната е лек, логички гледано, животната филозофија е да се занимаваме со здравјето, а не со болеста, следејќи ги овие препораки:

  • превентива, а не лекување
  • здравјето на духот и телото е во единството
  • бидете здрави за да бидете хедонист
  • вдишете го животот со полни гради, и не дозволувајте да ве дувне
  • здравото смеење и доброто друштво никој не може да го купи
  • со менување на навиките за јадење, го менувате начинот на живеење
  • природата нѝ даде сѐ, само треба да се анализира, открие и примени
  • животот и здравјето немаат цена ниту алтернатива
  • секогаш споделете го советот и знаењето со другите и не барајте во сѐ профит
  • дознајте која е вашата крвна група и тргнете по патот на здравјето

Кога нутриционист ќе забие автогол

Нутриционистот на еден добро познат спортски клуб ја советувал младата генерација на спортисти дека мора да консумираат доволно млеко и портокали. Резултатот е што поголем дел од тимот имал проблеми со варењето, во играта и на тренинг не можеле да го дадат најдоброто од себе, а двајца играчи завршиле и на операција на слепото црево. Тука се случила елементарна грешка во нутриционистичката информација. Најголем број од спортистите, особено врвните, се од крвната група “0”, па ако на овие луѓе им сугерирате млеко, а нивниот гастроинтестиналниот тракт нема ензими за негово варење, тоа значи дека сте го, давајќи му инаку здрава намирница, донеле во болна состојба. Портокалот пак содржи putresin, кој крвните групи “0” и “А” не можат да го сварат, а крвната група “Б” вообичаено добро ги прифаќа двете намирници, а млекото многу добро, и тоа во поголеми количини. Што за некого е лек, за другиот е отров.

Дали знаете?

Не можеме сите сѐ да јадеме, ниту пак сите јадејќи го истиот прехранбен производ можеме подеднакво да дејствуваме на киселата рамнотежа на организмот

Инфо

  • Оброците според вашата крвна група ја почитува вашата индивидуалност, здравјето и личноста, го решаваат вашиот хроничен замор и незадоволство, го одржуваат здравјето, спречуваат болести и обезбедуваат долговечност.
  • Дури 70% од луѓето во светот не поднесуваат млеко, велат истражувањата. Информацијата е точна бидејќи 70% од луѓето во светот се со крвната група 0 или А, кои по фазата на доење немаат “вградени алатки” за да го трансформираат млекото во структуралниот концепт на својот организам.

Исхрана според крвни групи | Крвна група “0” – некогаш ловци, денес месојади

Исхрана според крвни групи | Крвна група “А” – Вегетаријанци

Исхрана според крвни групи | Крвна група “АБ” на риба и зеленчук

Исхрана според крвни групи | Крвна група “Б” – млеко ДА, глутен НЕ

loading...