Италијански колач со јаболки

937

Колачот е едноставен за подготовка и многу вкусен …

Потребно

  • 180 гр брашно
  • 4-5 јаболки
  • 130 гр шеќер
  • 50 гр путер
  • 1/2 кесичка прашок за пециво
  • 2 жолчки
  • 130 мл млеко
  • прстофат сол

Подготовка

  • Жолчките изматете ги со шеќерот додека да се растопи шеќерот.
  • Растопете го путерот и оставете да се излади. Половина додадете го во претходно изматената смеса. Додадете го и млекото и измешајте.
  • Додадете прстофат сол, брашно и прашок за пециво. Убаво измешајте.
  • Калапот во кој ќе го печете колачот прекријте го со хартија за печење и сипете ја смесата.
  • Излупете ги јаболките и исецкајте ги на кришки. Наредете ги вертикално на тестото. Што повеќе јаболки ставите, тоа колачот ќе биде повкусен.
  • Одозгора полијте со преостанатиот путер и посипете со 3 лажици шеќер.
  • Ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 30-35 минути или додека не порумени.
loading...