И во маица од 700 денари изгледа како да се симнала од модна писта

133

Познатата стилистка Оливија Палермо, во прошетка низ градот личи како да е на модна писта. Згодната Њујорчанка, која е позната како една од најдобро облечени жени во светот, повторно ја има добитната модна комбинација, вешто балансирајќи со скапи и евтини парчиња облека. 

Познатата убавица инспирира со своите street style комбинации, па затоа не е чудно тоа што модната страница whowhatwear.com ја прогласи за најдобро облечена жена во категоријата на урбана мода (street style). Секое нејзино излегување надвор од куќата е стилска лекција, а и овој пат ја оправда титулата.

Интересните комбинации на Оливија Палермо не поминуваат незабележано, а познат е по комбинирањето на поевтини парчиња облека во своите стајлинзи. Вешто комбинирање на скапи и евтини парчиња ѝ ја донесе титулата на модна икона, а иако најчесто ги избира парчињата облека од Зара, овој пат се одлучила за Олд Нејви, бренд познат по своите евтини основни парчиња облека.

Со црните тесни панталони од брендот Пејџ, модната икона искомбинирала обична памучна маица V-израз од еден од најпознатите американски брендови – Олд Нејви. Чини само 700 денари, но одлично е вклопена во еден лежерен, но елегантен изглед кој го постигна со наметка во беж боја и високи потпетици од велур кожа со потпис на Џими Чу (Jimmy Choo).

Дозата на гламур го внесе со големи црни очила за сонце од Le Specs и шармантен моден додаток од кој не се одвојува оваа сезона, синџир за клучеви од крзно на луксузна италијанска модна куќа Фенди.

“Дефинитивно не излегувам од куќата, ако не сум средена. Денот го започнував облечена од глава до пети и подготвена за излегување од куќата. Никогаш не знаеш каде може да завршиш тој ден. Таква е и мојата мајка, а по ова јас сум дефинитивно на неа”, вели секогаш дотерана Оливија.