Каде грешиме? 10 најголеми грешки кои ги правиме кога вршиме детоксикација на организмот

1008
Booking.com INT

Еве зошто не е добро да пиете вода со лимон, да гладувате или интензивно да тренирате.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Во желбата детоксикацијата да биде колку што е можно поефективна, многу луѓе ги испробуваат своите граници, што може да се одрази на здравјето. Од друга страна, некои се обидуваат да го “измамат” планот за детоксикација кои самите си го одбрале.

Кои се најчестите грешки и како да ги избегнете?

1. Потпирање на лаксативи

Тешко е да се поверува дека на некој воопшто му паѓа на ум да ја зголеми детоксикацијата со лаксативи. “Засилување на детоксикацијата со лаксативи може да биде опасно за здравјето, бидејќи телото може да се навикне на нив. Земање на лаксативи повеќе од неколку дена, згора на тоа, може да доведе до дехидрација, синдром на нервозно дебело црево и проблеми со црниот дроб или проблеми со бубрезите”, предупредува американскиот лекар и нутриционист Julieanna Hever, автор на книгата “Vegiterranean Diet and The Complete Idiot’s Guide to Plant-Based Nutrition”.

2. Претходно прејадување

Детоксикацијата не треба да биде болен процес, ниту жртвување, а многу така ја доживуваат, па пред детоксикација уште еднаш “добро се најадуваат” со пржена храна и онаа која е полна со шеќери, предупредува американскиот нутриционист Lisa Hayim. Вакво однесување ве предодредува на неуспех, глад и хормонален дисбаланс. Наместо тоа, пристапете на детоксикацијата како на лековит третман и подарок за вашето тело.

3. Враќање на старо

Не им се враќајте на старите навики штом сте завршиле со детоксикациската програма, а тоа е она што им се случува на многумина, вели Lisa Hayim. Фокусирајте се на исхраната која вклучува целосни намирници како што се житарици, овошје и зеленчук.

4. Само еден залак

Кога сте избрале детокс, избравте да се грижите за телото на прво место. Затоа, општествените активности треба да бидат прилагодени на детоксикацијата, за да не се случи да посегнете по торта или алкохолно налевање со пријателите.

5. Употреба на диуретици

“Диуретиците поттикнуваат мокрење преку разни механизми, од кои повеќето влијаат врз бубрезите”, предупредува Julieanna Hever. “Земање диуретици без лекарска контрола може да предизвика дехидрација, електролитен дисбаланс, срцеви аритмии”.

6. Гладување

Чистењето со гладување во кое престанувате да јадете неколку дена е многу лоша идеја. “Таквите работи секогаш му се одмаздуваат на телото, може да станете исцрпени и дехидрирани, а метаболизмот може да се забави, така што телото потребното гориво ќе го зема од мускулите”, предупредуваат нутриционистите, сестрите Lyssie Lakatos и Tammy Lakatos Shames, авторите на книгата “The Nutrition Twins’ Veggie Cure”.

7. Земање средства за губење на тежината

Во детоксикацијата не треба да се додадваат диететски додатоци за губење на тежината. “Многу клучни состојки во тие додатоци се поврзани со сериозни несакани дејства како гадење, повраќање, несоница, висок крвен притисок, срцева слабост и смрт. Додатоците за губење на тежината вообичаено содржат некој вид стимуланс, па затоа нивното земање е ризично”, вели Hever.

8. Премногу вода со лимон

Пиењето вода со лимон е одличен начин да останете хидрирани цело време и да добиете дополнителна доза на витамин Ц и антиоксиданси, но ако водата со лимон е вашиот главен пијалак и ако ја пиете без сламка, забите ви се во опасност. Лимонот, ја кисели водата и може да предизвика ерозија на забната глеѓ.

9. Не јадете органско

Кората од јаболка е полна со корисни материи, но ако јаболкото не е органско, кората е веројатно полна со пестициди. Во тој случај, треба да ја излупите, велат сестрите Lakatos. Без оглед на тоа дали овошјето и зеленчукот се органски или не, измијте го пред јадење.

10. Луд тренинг

Иако за време на детоксикацијата можете да се чувствувате полетни, не претерувајте со вежбање. “За време на чистењето на организмот, најважните органи работат напорно, па ако премногу се форсираме можеме да станеме дехидрирани, да почувствуваме слабост и главоболка. Додека се детоксицираме не треба да правиме ништо потешко од јога и од истегнување”, вели L. Hayim.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...