Каков е вашиот отпечаток од прстот? Еве што сѐ отпечатокот може да открие за вас

1525

Проучувајќи ги примероците на нашите отпечатоци на прстите на рацете, па дури и на нозете, можеме да дознаеме за нашите највпечатливи карактеристики. Погледнете го примерокот на десната рака и проверете што значи.

Според модерната наука, за да дознаете повеќе за својата и за личноста на другите луѓе, не гледајте подалеку од своите раце. Тие можат да укажат на слабостите, вредностите, потенцијалот, но, исто така, и на најдобрите страни.

Зад отпечатокот од прст стои цела една наука. Проучувањето на отпечатоците го започна д-р. Harold Cummings, а таа научна дисциплина се нарекува дерматоглифија.

Со проучување на примероците на нашите отпечатоци на прстите од раце, па дури и нозете, можеме да откриеме многу нешта за себе. Со оглед на тоа дека отпечатоците се менуваат со текот на годините, родителите можат да научат многу за своите деца веќе во раната возраст и да го прилагодат својот пристап кон секое дете поединечно.

Погледнете примери на отпечатоци, свртете ја дланката на десната рака и проверете кои најмногу ви одговараат.

А потоа дознајте што значи тоа за вас:

1. Едноставен лак
Заоблен е и во облик на рид, и открива вредна и остроумна личност. Тие се многу внимателни, многу планираат и ги вложуват сите свои емоции во сѐ што прават. Тие сакаат правила и упатства. Втемелени се и со почитување кон другите. Не се заинтересирани за ризик, опасности ниту пак, за драма и лелекања.

2. Шаторски лак
Овој отпечаток го карактеризираат кривини со заоблен врв. Луѓето кои ги имаат се импулсивни, непредвидливи и креативни. Многу лесно ги “купуваат” стимулансите од околината, па во една минута можат да бидат многу среќни, а во втората повлечени и срамежливи. Тие не се плашат од пречките и предизвиците, а ризиците ги привлекуваат.

3. Закривена клучка
Овој примерок потсетува на бранови кои се движат кон средината на прстот.
Тие се нежни и повлечени луѓе, со топол и мирољубив карактер. Не сакаат да планираат и многу се внимателни и љубезни.

4. Радијална клучка
Овој отпечаток е спротивен на закривената клучка, а линиите се протегаат од средината на прстот.

Луѓето кои ги имаат се независни, сакаат да ги анализираат работите и да поставуваат прашања. Бунтовни се, бестрашни, но често се осамени во своите ставови. Тие имаат добро срце.

Моќни се лидери и многу добро ги проценуваат луѓето.

5. Концентрична спирала
Примерокот е кружен и се стеснува кон центарот кој е јасно изразен. Открива силна и решителна личност. Тие се многу конкурентни и ориентирани се кон целта. Секогаш знаат што сакаат.

Бидејќи тие не сакаат да ги контролираат или туркаат, не се плашат да се изборат за себе или за другите. Тие се многу лојални пријатели.

6. Кружна спирала
Примерокот е кружен, но круговите се порелаксирани и центарот не е изразен. Овие луѓе се со слободен дух, многу страсни и приземни, но водени со своето срце.
Бидејќи се особено креативни и романтичарски настроени, главата често знае да им биде во облаци. Чувствителни се и грижливи. Сакаат животни.

7. Овална спирала
Линиите се оформени како овален прстен на овие отпечатоци. Тоа се амбициозни луѓе кои сакаат да имаат конкуренција. Тие се многу фокусирани, детални, внимателни и грижливи, па ретко нешто да пропуштат. Одлично се справуваат со рокови и пресметки.

8. Имплодирачка спирала
Таа е составена од тесни, неправилни петли и кругови. Овие луѓе се природно снаодливи. Можат во исто време без проблеми да обработуваат повеќе проекти и улоги, и секоја од нив ќе ја одработат совршено. Исклучителни се индивидуалци со голем интерес. Длабоко промислуваат за сè, па можат да бидат повлечени на моменти, но сакаат да бидат опкружени со своите пријатели.

9. Сложена спирала
Круговите на овој отпечаток изгледаат како плимни бранови. Тие се многу флексибилни и прилагодливи. Секогаш донесуваат нов пристап во различни ситуации и многу се ефикасни говорници. Добро соработуваат со други, иако тие претпочитаат да бидат лидери. Тие се многу одговорни, но, исто така, и забавни.

10. Пауново око
Потсетува на паунов пердув. Овие луѓе се многу експресивни и страсни и уживаат во драма. Уметнички се наклонети, многу шармантни и сакаат да запознаваат нови луѓе.
Размислуваат надвор од рамката и уживаат во предизвиците. Тие се многу топли и грижливи.

loading...