Како да избришете профил на Фејсбук без многу проблеми

71
Booking.com INT

Фејсбукот е на удар, па ако сакате и вие да го избришете вашиот профил од оваа социјална мрежа, еве како тоа се прави.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Фејсбук не комплицирал премногу со процесот на деактивирање, а потоа и бришење на профилот.

1) Логирајте се на вашиот Фејсбук профил од вашиот компјутер (оваа опција е достапна и преку мобилна апликација, но полесно е тоа да се направи преку компјутер).

2) Во горниот десен агол кликнете на малата стрелка и во менито кое ќе ви се отвори, одберете Settings.

3) Во Општите поставки или General Account Settings (Општите прилагодувања на профилот), одберете Manage Account или управување со сметката.

4) Во менито кое ќе се појави, во долниот дел, се наоѓа опцијата Деактивирање на профил. Ако изберете деактивација, дел од податоците и понатаму ќе бидат видливи на Facebook, но повеќето од податоците ќе бидат отстранети.

Важно е да се напомене дека ова не е трајна опција. Во секое време, можете да се вратите на Фејсбук со повторното логирање со своите кориснички информации и лозинката.

5) Ако сакате целосно да го избришете вашиот профил, мора да одите директно на страницата “Избриши ја мојата сметка” или “Delete My Account”.

6) Ако одберете Delete My Account ќе ги изгубите сите информации кои сте ги објавиле на Фејсбук и повеќе не ќе можете да ги вратите. Исто така, ако одлучите да се вратите назад, ќе треба да почнете одново како никогаш да не сте имале профил.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...